Култура

Концерт на словачкиот пијанист Рихард Рикон на „Скопско лето“

Вечерва, (четврток 30 јуни) во 21 часот, во Музејот на град Скопје, познатиот пијанист со интернационална кариера,  Рихард Рикон од Словачка, ќе одржи концерт во рамките на манифестацијата „Скопско лето“.  Ќе бидат изведени дела од Шопен, Лојд Вебер, Шуберт, Лист, Дуранд и Хачатурјан.
Рихард Рикон е роден 1974 година. Започнал да свири пијано од својата четврта година. На пет години ја искусил својата прва победа на државниот натпревар, а на шест ја има освоено главната награда Bartok Prix во Унгарија, како и други престижни награди. На само осум години станал студент на Конзерваториумот на Жилина (Словачка) под водство на проф. Антон Калајии.

Откако ги завршил студиите на Конзерваториумот тој продолжил на Универзитетот за музика и уметност под менторство на професорот Сирил Дијановски, а истовремено студирал во Paris Conservatoire Superiore со меѓународно признатиот уметник Јуџин Инџик кој бил ученик на Артур Рубинтшајн. Неговиот репертоар ги вклучува делата на Бах се до современите композитори, а има настапувано на бројни музички сцени низ светот.

Меѓу другото, има снимено ЦД „Пијано меџик“, 1,2,3 со светски познати нумери аранжирани во неконвенционален стил за што е добитник и за наградата „Голден Рекорд“. Риккон е исто така и композитор и аранжирал дела за други уметници.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *