Култура

На Светскиот ден на музиката ќе биде отворена манифестацијата 37. „Скопско лето“

Со гала оперски концерт пред Македонската опера и балет, изложба  на скулптури „Обичен човек“ на Жарко Башески во галеријата Чифте амам, како и со улични музичари во центарот на градот.  Во вторник, 21 јуни, ќе почне 37. издание  на културна манифестација „Скопшско лето“. Скопје ќе биде домаќин на повеќе од 900 уметниции  од земјава и од странство. Годинава на „Скопско лето“ ќе учествуваат странски уметници од 19 земји од светот. До крајот на јули во 41 ден, предвидени се 52 културни настани, 19 музички, 10 ликовни изложби, 11 филмски проекции и девет театарски претстави.

Дел од „Скопско лето“ и годинава ќе биде програмата Кафе-кино, која ќе се одржува од 2 до 11 јули во Сули-ан. Ќе има и ревија на најдобри филмови од фестивалот на анимиран филм „Анимакс“.

Организатор на „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје. Директорот Никола Глигоров презентирајќи ја програмата, истакна дека оваа година  вметнале нови содржини или веќеприкажаните да бидат видени на нови и интересни простори, пред сѐ отворени, како плоштади, локации во чаршијата итн.

Иложбата на скулптури  „Обичен човек“ на Жарко Башевски, ќе биде отворена во вторник во 20 часот во галеријата Чифте Амам. Авторот во изминатите 15 години е присутен на европската и светската Тој ќе се претстави со 24 хиперреалистични скулптури.Во моментот Бешевски има изложба во Билбао, со наслов „Преопбликувана реалност, 50 години хиперреалистична скулптура“, каде учествува со познати светски имиња од областа на ликовната уметност.

На годинашното Скопско лето, најмногу ќе биде застапена музиката, со концерти на класична, народна и џез музика. Ќе има десетина претстави кои три премиерни и десетина атрактивни изложби од кои најголемиот број се органзираат во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија, ДЛУМ.

Автор:

Слични статии