Култура

Награда за најдобра музика за македонскиот филм „Три дена во септември“

Музиката на Александар Пејовски работена за филмот „Три дена во септември“ ја доби наградата за најдобра музика на фестивалот „SEE a Paris 2016“.

Филмот едебитантски филм на македонскиот режисер Даријан Пејовски во продукција на Скопје-филм Студио. Приказната вклучува две  сосема различни жени, едната проститутка а другата притаен одмаздник, по силата на судбината влегуваат во сојуз и меѓусебно си помагаат во расчистувањето на нивното темно минато. Имено, Марика убива човек во самоодбрана и бегајќи од законот влетува во еден воз каде ја среќава Јана – тивка жена во доцните триесетти години, која патува во својата викендичка во планините. Марика ја користи приликата и се засолнува во викедницата на Јана, но влетува во неочекувана и опасна авантура.

Во текот на фестивалските денови од 31 мај до петти јуни публиката во Париз проследи богата фестивалска програма, каде покрај документарните филмови се одржа симпозиум на тема „Миграциите и филмот“.

Програмата беше отворена со изложбата на македонскиот сликар Владимир Георгиевски насловена „Балканскиот Дон Кихот во Европа“.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *