Култура

Откриен антички град во Кривогаштани

Новооткриениот локалитет се наоѓа точно на тромеѓето помеѓу општините Кривогаштани, Долнени и Крушево.. Поради значајната и стратешка позиција на ова место и наодите кои се пронајдени во некрополата се претпоставува дека станува збор за воена населба која функционирала во тој период.

Наодите кои биле откриени во гробовите укажувале на тоа дека се работи за воени лица. Засега биле откопани 8 гробови.Во еден од нив се пронајдени и монети со ликот на Александар Македонски кои според првичните информациии потекнувале од 4 век. п.н.е. Според верувањата во антиката овие монети биле поставувани во гробовите за да може покојниот со нив да го плати патот до светот мртвите. Бидејќи тука станува збор за сребрена монета се претпоставува дека тука е погребан некој финансиски помоќен жител на таа населба.Освен монети откриени се и други вредни предмети.

Од истражувањата на некрополата, пронајден е еден краток железен бодеж, игла омега тип, сребрена пиксида изработена во техника на филигран со златна жица. Ова е исклучително интересен и редок примерок и на територија на Македонија ова е третиот досега пронајден ваков примерок. Паралелно со откритието на овопј локалитет, дојдоа и најавите од локалната самоуправа дека планираат од ова место да направат вистинска туристичка атракција и да обезбедат пристапен пат за туристите.

Истражувањата ќе траат уште две недели и ќе продолжат идната година.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *