Култура

Отсега Цар Самоил ќе личи на Лазар Ристовски

Познатиот актер, Лазар Ристовски ќе го игра ликот на Цар Самоил во македонски филм на Антонио Митриќески. Ова ексклузивната вест ја објави овој моќен и извонреден актер на  прес-конференција што се одржа во хотелот „Инекс-Горица“, (сабота 11 јуни)  организирана од „Охрид Филм Фест“- Фестивал на ангажиран филм, што се одржува од 10 до 15 јуни во Охрид. Актерот Лазар Ристовски е ексклузивен гостин на „Охрид Филм Фест“ и беше на отворањето на Фестивалот што се одржа вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Стартот го означи филмот „Од другата страна“ филм каде во главна улога се појавува овој извонреден актер. На самото отворање на фестивалот, заменик на градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев  му  врачи награда, Византиски крст со филингранска изработка на Лазар Ристовски, за извонредниот придонес во балканската кинематографија што овој актер го остави како белег со неговите многубројни улоги во филмовите.

IMG_4235

Познатиот актер на конференцијата за печат, што се одржа во „Инекс-Горица“, одговарајќи на новинарски прашања, зборуваше за неговиот пристап и однос кон многубројните улоги. „Мене скапо ме чинеше глумата. Некои актери доаѓаат насмеани, ќе ја одиграат улогата и ќе си заминат, додека јас доаѓав најмалку еден час порано, се подготвував за секоја улога. По претставите ние актерите одиме во бифето на театарот, каде се релаксираме после секоја претстава.  Затоа и го оставив театарот пред 8 години, ми требаше многу енергија, па го одбрав филмот, вели Ристовски кој има играно во 4000 претстави.

  • Мене ми претставува особена чест што ќе го играм Цар Самоил, особено што моите корени се од Македонија, рече Ристовски, откривајќи ја веста за новиот филм што треба да се снима на овие простори.

Ристовски смета дека јазикот претставува пречка за глумење во странски филмови, но дека тој и не е толку пресуден и дека очите , преку кои се гледаат емоциите се најважни, бидејќи преку нив се се гледаат емоциите. Помеѓу глумење на пијани руси во Холивуд и улогите дома, јас одбрав да останам на овие простори.  Инаку фестивалите никогаш не се доволни, секогаш има место за уште еден, а овој фестивал му е потребен на овој прекрасен град, посебно што се работи за ангажиран филм, рече познатиот актер Лазар Ристовски на прес конференцијата. „Јас се радувам што стартува еден ваков фестивал и директорката на „Охрид Филм Фест“, Сунчица Уневска ќе ја има секогаш мојата поддршка“ рече Ристовски.

Фестивалот за ангажиран филм „Охрид Филм Фест“ го живее вториот ден од неговото прво издание и тој ќе продолжи со прикажување со по три до пет проекции секоја вечер. На втората вечер ќе бидат прикажани три долгометражни и два кратки филма.

Втората фестивалска вечер стартува со документарниот филм „Охридско езеро“ што е дел од програмата „Охрид на филм“. Оваа програма е направена специјално за Охрид, програма посветена на градот и на филмовите кои се снимени за Охридско езеро  и за Охрид. Следи долгометражниот иранско –германски филм „Сонита“ во кој се збори за 18-ет годишна девојка, илегален имигрант од Авганистан, којашто живее во Техеран и која наидува и се бори со сите пречки што ги носи нејзината професија на пејачка. „Црн куфер“ е ирански краток филм од четири и пол минути, а по него следи босанскиот долгометражен филм „Наша секојдневна приказна“ на Инес Тановиќ. Во овој филм семејството Сушиќ, живее босански живот. Неговиот син е воен ветеран, а ќерката го напушта Сараево. Проблемите следат откакои нивната мајка открива дека е тешко болна. Втората вечер ќе заврши со долгометражниот мексичк-американски филм „Земјата на Картел“.

 

 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *