Култура

„Приказна за Светите простори“ на Интернационално Триенале за современа уметност во Италија

Македонскиот уметник Јордан Манасијески ќе учествува на ПрвотоТриенале на современа уметност во Верона –Италија. Делото „Приказна за Светите простори“е дело кое најдобро го прикажува сликарството на Јордан Манасијески, уметник Манасијески ќе се најде заедно со делата на околу 500 уметници од целиот свет од областа на сликарството скулптура, фотографија и дизајн. Организацијата е на  Паоло Леви, еден од најголемите италијански историчари за современа уметност, публицистот Сандро Серадифалко, уметничките критичари Серена Карлино,  Лучија, Салваторе Русо и Франческо Саверио Русо во соработка со професионални личности од светот на уметноста.

Македонскиот сликар Јордан Манасијески е добитник на повеќе интернационални  награди: реплика на скулптурата „Мојсеј” , интернационална награда во Рим „Микеланџело“, годинешната награда во Фиренца „Леонардо да Винчи“, интернационална награда „Кастело Орсини“ во близина на Рим, специјално признание на јапонската асоцијација за современа уметност во Мајами-Флорида.

Во име на авторот на триеналето ќе присуствува неговиот промотор од галерија Букефал Љупчо Жупан. Светски познатиот куратор Виторио Сгарби ќе го отвори годинешното Триеналеи негова задача е да селектира три автори за самостојни изложби коишто ќе бидат поставени во престижни галерии во Рим.

Славниот арт критичар Лука Беатриче кој е истовремено и Председник на жири комисијата за награди заедно со арт новинарот Ангело Креспи и галеристот Естемио Сери на Свечената церемонија што ке се одржи на 12 јуни ќе ги прогласат наградените автори пред присуство на истакнати личности од светот на уметноста.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *