Култура

Пронајден гробот на Аристотел

Грчкиот археолог  Костас Сисманидис верува дека конечно го открил изгубениот гроб на Аристотел

Грчки археолог објави дека го пронашол гробот на Аристотел, еден од најучениоте луѓе на антиката, кој воедно бил и учител на големиот Александар Македонски.  Коста Сисманидис изјавил дека “речиси сигурно”   го открил долго бараниот гроб  на еден од најголемите филозофи во светоти дека се наоѓа во античкиот град Стагира кој се наоѓа на околу 480 км. од Халкида. Иако нема цврсти докази за тоа, археологот вели дека  има силни индикации кои го довеле до  силното верување дека токму во Стагира,  во структура закопана под градот,  се наоѓа гробот на Аристотел, каде и познатиот грчки филозоф е роден.

AAARRR

Сисманидис го соопшти ова на Светскиот конгрес на научниците кој се одржа од 23 до 28 мај во Солун по повод 2.400-тиот роденден на Аристотел, при што изјави дека се уште нема докази, туку силни индикации. Од грчкиопт  археолог  се очекуваа повеќе објаснувања и детали за неговите тврдења дека го пронашол гробот на еден од најголемите мислители  на светскиот конгрес одржан во Северна Грција, каде беа присутни голем број научници и оние кои се специјализирани во истражувањето на  делото на Аристотел. Сисманидис рекол дека  архитектурата и локацијата на гробот, што се наоѓа  во близина на античкиот плоштад во Стагира, која има прекрасен панорамски поглед, го поддржува верувањето дека токму тоа е вистинското место за одмор на мудроста.  Овој археолог е самоуверен дека го открил гробот на Аристотел.

Северна Грција е во фокусот на светската сцена по неколку археолошки откритија, иако не сите од нив се добро примени. Во 2014 година, во услови на голема помпа,  бвеше лансирана информацијата дека е откриен гробот на  Александар Македонски во местото Амфиполис, исто така, во централна Македонија.

Научниците потоа се согласија дека тоа откритие не е поврзано со македонскиот цар. Паднаа и многу обвинувања упатени до властите  дека намерно се пласираат вакви откритија за да го одвлечат вниманието на Грците, во време на економска и социјална криза.

Аристотел  бил ученик на Платон и бил запишан во дворот на древната Македонија како учител на Александар Македонски. Тој го пропатувал Егејот и Мала Азија пред да се врати во Атина, каде  основал сопствено училиште во 335година п.н.е. Остатоци од овој комплекс  биле случајно откриени во 1996 година, за време на градежните работи за иозградба на Музеј на современа уметност, кога од под  земјен паркинг се појавиле остатоци на централниот двор наменет за рвање – борење.

 

grob na Ariostotel

Неговите дела се канонизирани и се предаваат во сите училишта низ светот, а археолозите постојано се во потрага по неговиот гроб.

Аристотел е еден од најголемите научници во антиката. Тој е роден во 384 година пред Христа во градот Стагира, од каде доаѓа и прекарот Стагирит. Татко му Никомах му е личен лекар на македонскиот цар Аминта. Податоците за животот на Аристотел се оскудни. Аристотел – таткото на модерната логика и најпознатиот ученик на Платон и учител на Александар Македонски, починал во 322 година пред нашата ера во Халкида на островот Евбеја. Тој е учител на Александар Велики. Најпознатите дела на Аристотел се “Физика”, “Метафизика”, “Никомахова етика”, “Политика”, “За душата” и “Поетика”.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *