Култура

„Три дена во септември“ награден со три награди нa ЈИЕ филмски фестивал

„Три дена во септември“ на режисерот Даријан Пејовски ја доби наградата за најдобар филм на филмскиот фестивал SEE à Berlin кој се одржа како дел од 6-от SEEFF, кој оваа година се одржува во три града: Берлин – Германија од 26 – 29 мај, Париз – Франција од 1 – 5 јуни и Нингбо – Кина од 8 – 15 јуни 2016 година.

Овој фестивал е платформа за соработка на земјите од Југоисточна Европа. Продуцентски куќи од петнаесетина земји од Југоисточна Европа се претставуваат со свои филмски проекти, со фокус на регионот од каде доаѓаат и во кој идеалите на кои се заснова Европа постојано се преиспитуваат и дискутираат. Режисерите преку своите филмски дела ја рефлектираат состојбата во својата земја, како и секојдневието во кое живеат граѓаните.

Главната награди ја доделува Меѓународно жири составено од филмски професионалци. Покрај тоа награди доделува и Меѓународно жири составено од млади лице од различни професии. Ова жири, за „Три дена во септември“ ги додели наградата за најдобра режија на Даријан Пејовски и наградата за најдобра женска улога на Камка Тоциновски која ја толкува улогата на Марика. „Три дена во септември“ ќе биде прикажан и во Париз на 3 јуни во Тheatre Le Palace.

Tagged with:

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *