Култура

Прво Интернационално графичко биенале – Скопје

Вчера,во Музејот на град Скопје, беше отворена изложбата на Првото Интернационално графичко биенале, проект на Друштвото на лчиковни уметници на Македонија -ДЛУМ и манифестацијата „Скопско лето“. На изложбата се најдоа шеесетина дела на автори од преку 15 земји од светот, (Кина, Германија, Австралија, САД, Канада, Тајван, Полска, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Романија, Србија, Турција и Македонија). селектирани меѓу пристигнати повеќе од 90 дела.

14-1-1024x685

 

Со оваа изложба, односно проектот насловен како „Интернационално графичко биенале – Скопје“, Друштвото на лчиковни уметници на Македонија го одбележува седум-децениското постоење и работа на ликовните уметници во земјата. Идејата за еден ваков проект којшто ќе ги донесе делата на светските графичари  но и следејќи ги светските графички трендов, беше подржана од „Скопско лето“

Александра Буру е наградена за делото “Подводна површина” работено во техника акватинта, додека втората награда му е доделена на хрватскиот уметник Едвин Драгиќевиќ, за дело во истата техника насловено “Контролирање на невозможното”. Младата македонска уметница Маја Кировска, ја доби третата награда за графиката работена во комбинирана техника со наслов: “Единство: Поема на општеството”. Жирито го сочинуваа уметниците: Славица Јанашлиева, Зоран Јакимовски, Трајче Блажевски, Христијан Санев и Ѓорѓи Чулаковски – Ѓото.  Наградите на свечноста на отворањето на кое говореа претседателот на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, Христијан Санев и претставничката на Дирекцијата за култура и уметност, Елизабета Кузмановска ги додели графичарот Зоран Јакимовс

Христијан Санев, претседател на ДЛУМ,речедека нивната цел е да ја мапираат македонската графика, што како ликовен медиум ја работат многу метници, зашто зборува и изложбата „ДЛУМ-графика“ која веќе 32 години се организира од страна на ДЛУМ. Овој проект треба да стане традиционален и  да го достигне нивото на манифестацијата „Зимски салон“.

 

На првото „Интернационално графичко биенале – Скопје“ се најдоа делата на македонските уметници Златко Глигоров, Љупчо Бојаров, Ана Димчевска, Виктор Семенпеев, Горан Јованов, Јовица Мијалковиќ, Петра Јовановска, Маја Рауник Кирков, Срѓан Микиќ,  Васил Костов и Наим Идризи.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *