Култура
dojransko ezero

Четири плажи на Дојранското езеро забранети за капење

Четири плажи на Дојранското езеро се забранети за капење. Според информациите на zdravstvo24.mk вакво решение донел Државниот санитарен и здравствен инспекторат откако последните анализи од пред една недела направени во Центарот за јавно здравје Велес покажале дека водата во езерото на 4 мерни места е загадена. Бактериолошката и хемиската неисправност била од 3 степен.

dojransko-2
-Тоа се мерните месра Градска плажа, Крвен Крст, Златен брег и Калдрма. Информнирани се и градоначалникот и комуналното претпријатие кое стопанисува со езерото да постават табли за забрана за капење, изјави за zdravstvo24.mk д-р Вера Менковска, инспектор во ДСЗИ.
Од ДСЗИ велат дека доколку надлежните преземат соодветни мерки за подобрување на квалитетот на водата во езерото забраната ќе биде тргната веднаш.
-Ако анализите покажат подобри резултати забраната ќе биде тргната, додава д-р Менковска.
Исто така и годинава Треска и Вардар се строго забранети за капење. Таму водата е од 4 и 5 степен бактериолошки загадена.
Од друга страна водата е чиста и безбедна во Охридското и Преспанското езеро.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *