Култура

Градот ќе го врати името „Дом Ибни Пајко“ ако го има на стари фотографии

Акцијата на Градот за освежување на фасадите во централното градско подрачје премина од другата страна на Вардар. Сега се освежува ликот на зградата „Ибни Пајко° лоцирана на влезот на Старата чаршија, во која е сместен ресторанот „Пирин Планина°. За овој градежен зафат Градот издвои 500.000 евра. Познавачите на историјата на објектите во Скопје тврдат дека „Ибни Пајко° датира од предвоените времења, од периодот на модерната во Скопје, а градена е во стилот на архитектот Корбизие. Од времето на модерната се и зградата на Црвениот крст на Македонија, Градската болница и зградата на Стопански двор, објект кој бил лоциран некаде кај сегашен „Бисер°. Тој претставувал трговска комора. За модерната во Скопје се врзуваат познати имиња на архитекти, Милан Злоковиќ, Сотир Томовски и Бранко Којиќ. Зградата е изградена во 1938 година на земјиште на сопственикот Ибни Пајко, кој бил трговец и по него го добила името. Малку е познато дека со последното бојосување на фасадата биле покриени буквите на нејзиниот преден дел, под ќерамидите, каде што пишувало „Дом Ибни Пајко°. Секоја буква била сместена во посебна преграда. Оние што знаат за ова, сметаат дека со сегашното бојосување на фасадата треба и да се вратат буквите. Градските власти за оваа работа се консултирале со главниот градски архитект и доколку успеат да пронајдат фотографии на кои се видливи буквите, тогаш повеќе од сигурно е дека тие ќе бидат вратени, како и автентичниот лик на објектот. Првичната негова намена биле станови за издавање, но имало и социјални седишта. Хроничарите тврдат дека објектот имал црвена боја и сосема се вклопувал во тогашното решение на плоштадот наречен „Црвена Вода”. Наспроти ?Ибни Пајко° се наоѓало познатото Еврејско Маало. Пред „Пирин Планина° постоела Пајко џамија, а овој познат трговец ја изградил за да им се додвори на муслиманите, со цел подобро да му оди бизнисот. Џамијата се споменува се до некаде 1946/47 година, а најверојатно е урната за време на војната или по неа.

Архитект Живко Поповски појаснува дека објектот е идејно решение на архитект Михо Чакеља, родум од Дубровник, а доселен во Скопје во 1933 година. Целиот животен век го поминал во Скопје.
– Објектот е од периодот на модерната на Македонија и становите беа за издавање. Тој е прв објект што ја иницира идејата за постоење на плоштад. Покрај тоа што неговата фасада е во црвена боја, има и шрафура која по сегашното бојосување би требало да се запази, додава Поповски.

– Пред изградбата на зградата „Ибни Пајко„ што како податок е интересно, е дека во еден од тие станови за давање под наем во овој објект престојувал Ванчо Михајлов. Сега знам дека таму живеат неколку воени пензионери, вели Христо Поп Христов, полковник и специјалист-инфектолог во пензија.

– Кога се гради зградата „Ибни Пајко°, веќе постоеле објектите ?Санаториум°, „Ставридис° и џамијата „Ибни Пајко°. Околу„Ибни Пајко” живееле многу видни скопјани, трговци и лекари. Ставридис бил познат лекар, браќата Галиќ се занимавале со трговија и лекарот Чохалиќ кој во сопствената куќа имал и ординација, како и Папа Теодосиј. Станува збор за значајна традиција на видни скопјани. Овој дел го претставува стариот дел на Скопје поврзан со духовното живеење на градот, вели хроничарот Данило Коцевски.

Автор: Снежана Калабакова

Оригиналниот текст е објавен во Утрински весник

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *