Култура

Грета Магнусон Гросман една од најпознатите архитекти во светот

Грета Магнусон Гросман – Greta Magnusson-Grossman (1906-1999)  e  една од најпознатите архитекти во светот, се смета за втемелувач на модерната архитектура.

Родена во Шведска нејзината кариера започнува и трае во оваа земја се до 1933 година кога го отвора нејзиното студио-продавница и работилница. Истата година таа се мажи за фронтменот на еден џез бенд, Billy Grossman, со кого во 1940 година ја напушта  Европа и се населуваат во Лос Анѓелес. Таа многу бргу се интегрира во новата средина и е дел од  растечката група на архитекти, дизајнери и фотографи каде го развива нејзиниот уникатен стил на модернизмот.

 

Gros PORTRET2

Грета Магнусон-Гросман е позната како индустриски дизајнер, но таа исто така беше еден од неколку женски архитекти кои придонесоа за развојот на модерни домови во средината на изминатиот век во Лос Анџелес, во 50-тите. Таа почнала да работи во пост-модернистички естетика, заедно со современици како Чарлс и Реј Имс, Рудолф Шиндлер, Ричард Неутра…Во креацијата таа ги споила скандинавскиот  дизајн со релаксиран начин на живот од Јужна Калифорнија, креирајќи парчиња и модерни ентериери коишто се функционални и релевантни и денес.

 

Grosman1

 

На почетокот од нејзината долга и плодна кариера целосно била посветена на функционализмот, фокусирана на функцијата на сметка на естетиката, што се карактеризира со рамни површини и остри агли,  форми и идеи кои ќе бидат усвоени во Калифорнија.  Дизајнира куќи, уредува ентериери, креира мебел и осветлување во текот на својата долга кариера.

 

Grosman2

 

 

Grosman4

 

Гросман е една од првите жени кои се потписнички на огромен број на важни архитектонски проекти ширум Европа и Калифорнија. Грета целиот свој работен век била под влијание на Walter Gropius  и Ludwig Mies van der Rohe, претставниците на европскиот модернизам, чие што влијание успешно го пренесува во Америка.

Во 1966 година, Гросман се повлекува  од архитектонска сцена во Лос Анџелес и се преселува со својот сопруг во куќа, северно од Сан Диего. Таа ги поминува последните 30 години од својот живот во релативна анонимност и сликање на пејсажи.  Во 2010 година беше отворена прва ретроспективнаизложбаод нејзината работа  во Стокхолм, а во 2012 изложбата се појави во Пасадена. Во 2012 година на аукција е продадена нејзина светилка 37.500 долари , што претставува рекорд за нејзините креации од мебел.

 

Grosman house

 

Таа е два пати добитник на наградата „Добар дизајн“ на Музејот на современа уметност и е исклучително влијателна фигура во Јужна Калифорнија  на движењето во дизајнот во 50 и 60 години на минатиот век.

 

Grosman5

 

Резиденцијата Харли се смета за најголемо но и најважно нејзино архитектонско делчо.. Куќата се карактеризира со рамни конзоли градејќи извонредна врскасо надворешниотпростор – карактеристика којашто станала доминантна во архитектурата на многу современи куќи во Калифорнија.

Grosman10

 

Од нејзините шеснаесет проектирани куќи, четиринаесет се наоѓаат во Лос Анџелес, една  во Сан Франциско, а една во нејзината родна Шведска.

Во 1950 година, MoMa и додели награда за креацијата на „Кобра светилка“.

Гросман беше професор и предавач во Лос Анџелес помеѓу 1957 и 1963 година.

 

Grosman14

 

grosman16

 

 

 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *