Култура

Седмо издание на фестивалот за електронска музика

На 30 и 31 јули во Охрид, ќе започне седмото издание на Фестивалот за електронска музика.

Меѓу предводниците на програмата, зад  диџеј пултот и технички ненадминливиот е англискиот диџеј и продуцент James Zabiela. Со помош на неговите атрибути James Zabiela е заштитно лице на Pioneer, и ги тестира и презентира најновите технолошки достигнувања во диџејската опрема. Низ неговата густа агенда за 2016 година, која се простира низ 5 континети од светот, Фестивалот успеа да го донесе во Македонија на Green Beach Festival, а публиката ќе има можност да се увери во неговиот уникатен стил, со кој неуморно ги поместува границите на презентирање на музиката.

Саботната вечер на фестивалот е во знак и на еден од апсолутните феномени на современата електронска сцена Black coffee, кој на досега најголемата бина на Green Beach festival ќе го донесе најфиниот хаус звук за отворањето на седмото издание. Суперѕвездата од Јужна Африка доаѓа прв пат пред македонската публика и тоа со најсвежиот звук во моментов со која на езерскиот брег на плажа Парк ќе ја пренесе енергијата од водечките клубови од Ибица, Мајами и Њујорк. За вистинска саботна треска на подиумот ќе се погрижат и дел од најистаканите претставници на домашната сцена: Lephono, Мирко Попов и Маци Стојановиќ б2б Томи Бојаџи.

Во недела (31-ви јули) грандиозниот подиум на Green Beach Festival е резервиран за најпопуларната техно сензација Dubfire – артистот кој секогаш ги поместува стандардите за врвно музичко доживување ширум светот! Од глобален комерцијален успех, па сѐ до култен статус во андерграунд музиката, Ali Shirazinia ака Dubfire е артист чија движечка сила, талент и интуиција му овозможија да го ужива епитетот како најдобар и најбаран проект во електронската музичка сцена секаде низ светот. Интеркативната визуелизација на 2D и 3D проекции и изведување на неговиот музички перформанс во живо со голем број машини го прават екстравагантното и уникатно доживување наречено Hybrid. Оваа година ја имаме таа чест ексклузивно да го искусиме ова светски познато музичко и визуелно доживување, кое ги преполнува сите објекти ширум светот.

Истата вечер нѐ очекува уште еден екслузивитет со првиот настап кај нас на Âme – најпопуларниот германски проект кој ги освои светските подиуми со својата неприкосновена музичка продукција. Веќе со широко отворени врати кон светот, Âme е на мисија да го презентира концептот на лејблот Innervisions и секако нивниот модерен и уникатен звук, а со сигурност еден од моментите кои со нетрпение го очекуваме во недела е оној кога подиумот на Green Beach Festival ќе одекне во препознатливата хипнотизирачка мелодија на нивниот светски познат хит „Rej“. Подеднакво атрактивна е и листата на македонски изведувачи задолжени за големото затворање на седмото издание на Green Beach Festival. Во оваа мисија во недела ни се придружуваат Илина Ангел , Видиновски и Флуер, а изгрејсонцето на плажа Парк го дочекуваме со back 2 back сетот на Стојче и Горан Кан.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *