Култура

Томе Траков-годинешен добитник на Признанието „ЉУПЧО ФИЛИПОВ“

Велешанецот Томе Трајков-проект координатор во Стрип центар на Македонија е добитник на годинешното Признание за развој и афирмација на македонскиот стрип, наречено според прерано починатиот бард на македонската стрип сцена Љупчо Филипов.
Доделувањето на ова признание е составен дел од активностите во склоп на Меѓународниот стрип салон, што се одржува секоја година во средината на октомври  во Велес. Стрип центарот на Македонија – Велес, како организатор на целокупната манифестација, ова признание го наменува за заслужни домашни дејци за развојот и афирмацијата на 9-та уметност кај нас. Досегашни добитници на ова признание се: Миле Топуз-стрип автор, Диме Иванов Димано-стрип автор, Александар Сотировски –стрип автор, Ване Трајков -промотер, поранешната групација „Тајфа Арт“-тогаш млади автори и подоцнежни основачи на нови стрип асоцијации, Томислав Османли-стрип хроничар и сценарист, Дарко Марковиќ, Киро Донев-директор на МЛАД БОРЕЦ, редакцијата „Детска радост“, Оливер Ромевски-стрип сценарист и промотер, Стрип книжарницата „Бункер“и „ОСТЕН“- Галерија и списание.

20160707_102506Во образложението се нагласува дека воопшто не претставувало пречка податокот  дека Македонскиот стрип центар доделува признание на човек од својот персонал. Напротив , Томе Трајков со неговото ангажирање, повеќе од деценија, во СЦМ оствари големи резултати во интерес на македонската стрип сцена, како што се:
-создавањето на стрип мостови помеѓу македонската  и околните стрип сцени и  постојан контакт со странски и други донатори. Интернационалните проекти како на пример, „Балкански стрип мост“ (малку е познато дека овде„ се роди“ стрип херојот Ајвармен), потоа на два пати добиените признанија од страна на косовската стрип сцена, како и повикот да биде член на жирито на првиот воопшто организиран стрип настан во Албанија… се само еден показател за заслугите на Трајков. Преку негово залагање македонската стрип сцена имаше можност да се сретне и со светски познати стрип автори како :Џамал Ајгл од ДЦ Комикс, Мауро Лоренти (еден од цртачите кои  го цртаат Загор), Кан Такахама од Јапонија , легендарниот издавач Ервин Рустемагиќ , белгиската стрип сцена и многу други.
-ширење на 9-тата уметност низ разни градови,  освен Велес и Скопје како главен град, СЦМ организира стрип изложби  и во други градови ,   драстично е зголемен  бројот на македонски стрип автори  кои испраќаат свои стрипови на конкурсите во Македонија и пошироко.
-јакнење на комуникацијата со институциите со акцент за подобро  место на стрипот како и  практична имплементација на Стратегијата за култура на Република Македонија ,што доведе до доста зголемен број на финансирани стрип проекти .
-започнување на процесот на  примена на стрипот во социјалната сфера  што е реализирано преку проекти од интеретничка и друга сфера, што придонесе овие  искуства и можности да  се  превземаат  од страна на некои  младински организации.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *