Култура

Трет оглас за барокна фасада на Ибни Пајко

Градот Скопје објави трет оглас за понудувачи за менување на фасадата на ова Ибни Пајко, објект изградео во далечната 1938-година, пишува телма.

Два пати претходно, при отворањето на понудите за изготвување основен проект за реконструкција на фасадата не се пријави ниту една фирма. По последниот неуспешен обид пред 60-тина дена, градот повторно распиша оглас.

Покрај Ибни Пајко, кој се наоѓа на Црвена скопска улица со број 56, нова фасада ќе добие и објектот со број 58. Со тоа барокот би се раширил и низ плоштадот Филип Втори.

Од Асоцијацијата на архитекти не отстапуваат од барањето нивните колеги да го бојкотираат конкурсот. Упорноста секој објект кој е замислен да биде во барок е приказна која се наметна под диктат на власта и ќе ја тераат до крај, смета Сања Раџеновиќ, но според неа, во моменталната политичка ситуација, тоа треба да биде најмал приоритет.

-Изготвувачите на идејните проекти на барокот, они работат идејни проекти по нарачка, кои всушност не се ни проекти, истите тие архитекти не се автори на основните проекти, тие на крај не се ни доволно квалитетни и немаат доволно проектантска вештина да можат да го изработат основниот проект на идејниот проект претходно. Се вртат едните исти фирми, изјави Сања Раџеновиќ од асоцијацијата на архитекти.

Од град Скопје кусо одговараат дека реконструкцијата на 2-те фасади се спроведува бидејќи за нив има идејни решенија и нема никаква пречка да се заокружи проектот.

Идејниот проект за барокна фасада е изработен од Лазар Димов и Никола Стакинов. Тие беа и единствените архитекти кои се пријавија и поминаа на конкурсот во средината на февруари.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *