Култура

Започнува 56. издание на „Охридско лето“

Вечерва, во Античкиот театар во Охрид, ќе започне 56. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Ohr Leto

Фестивалот ќе започне со концертот  на светската оперска дива, мецосопранот  од Летонија, Елина Гаранча, заедно со Оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентство на Ион Марин од Австрија.

Елина Гаранча на вчерашната прес-конференција во Охрид изрази задоволство што ќе настапи на овој фестивал кој, како што рече, зад себе има толку богата и долгогодишна традиција. „„Јас се чувствувам почестена што настапувам на овој фестивал за кој знам дека има богата трaдиција и е познат и признат во светот како престижна културна манифестација“, изјави прес-конференцијата што беше одржана во Охрид по повод започнувањето на фестивалот„Охридско лето“. На отворањето ќе бидат изведени арии на Чајковски, Сен Санс и Гуно, специјално одбрани за да ги претстават особеностите и специфичностите во уметничкиот израз на самите композитори, а истовремено соодветствуваат на силината и квалитетот на гласот на оперскиот солист, додека вториот дел од концертот е резервиран за најпознатите композиции од операта „Кармен“.

Ilina Garanca

Диригентот Ион Марин изјави дека му претставува задоволство што повторно е во Охрид, овојпат како претставник на втората генерација уметници од неговото семејство, кои настапувале тука.  Тој доаѓа повторно во Охрид после многу години како претставник на втората генерација уметници од неговото семејство кои настапувале тука.  „Во Охрид бев во 1969 година и во 1978 година, во време кога мојот татко настапуваше на фестивалот како диригент на хорот „Мадригал“ од Букурешт. Имам убави спомени од тоа време, а сега сум тука повторно, овојпат како диригент привилегиран да настапува заедно со Елина, така што со нетрпение го очекувам настапот пред публиката на „Охридско лето“, рече тој.

Директорот на „Охридско лето“ Оливер Арсовски истакна дека огромен е интересот кај јавноста, како кај домашната публика така и кај онаа од странство, за концертот што ќе го означи почетокот на годинашното фестивалско доживување.  „ Се е подготвено за спектакуларно отворање. Времето според сите проверки ќе не послужи така што можам да кажам дека не очекува невидено уметничко доживување, достојно за реномето што го има „Охридско лето“, рече тој.

Селекторот на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифова – Неделковска истакна дека концертот со кој се отвара фестивалот претставува еден од најексклузивните концерти во културните збиднувања во Македонија. „ Верувам дека со концертот уште еднаш ќе се потврди дека Елина Гаранча е изведувач кој со сигурност ќе им се приклучи на великаните. Дека е певица со сензационален глас, уметник кој зрачи со енергија и топлина што секое нејзино појавување на сцената го прави впечатливо и уникатно. Верувам дека фестивалската публика ќе има незаборавно уметничко доживување што долго ќе се памети, рече таа.

Концертот на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“ ќе започне во 21 часот.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *