Култура

Нови истражувања на локалитетот Старо Бонче

На локалитетот Старо Бонче,  кој се наоѓа помеѓу селата Подмол и Бонче, во тек се археолошките истражувања, со кои ќе се дополни сликата за решавање на загатката скриена со векови на овој простор.
Според досегашните откритија, најраното живеење на овој локалитет започнува околу 7 век пред н.е. по кое што следи интензивирање на животот, кој е следен преку начините на погребување во доцноархајскиот период и раната антика 5-4 век пр.н.е. Најстарите, податоци за Пелагонците датираат од четвртиот век, за што зборуваат античките натписа што датираат од 365 година пред н.е. и 363 година пр.н.е., во кои се споменуваат владетели на Пелагонците.
Врз основа на овие податоциможе да се заклучи дека Пелагонците во четврти век веќе имале своја политичка заедница на чело со крал. Ова е периодот кога Пелагонија е во највисокиот процут. Досега откриените раноантички објекти, како и неколку некрополи, а секако и крунскиот доказ, кралската гробница единствена на овие простори, со право ја оправдуваат тезата на проф. Виктор Лилчиќ за утврдување на античкиот град Пелагонија на овој простор како престолнина на четвртата македонска династија на просторот на Старо Бонче – додава Јакимовски. Тој додава дека Старо Бонче е комплекс составен од дваесетина археолошки локалитети, кои се наоѓаат на источниот раб на пелагониската котлина меѓу селата Бонче и Подмол, вели раководителот на проектот   д-р Антонио Јакимовски
На овој простор во изминатите истражувања е пронајден голем движен археолошки материјал, меѓу кој најексклузивни се трите штита на кои е испишано името на македонскиот крал Деметриј, како и голем број монети ковани од македонските кралеви.

Раководител на проектот, кој е поддржан од Управата за заштита на културното наследство, е д-р Антонио Јакимовски, а зафатите се одвиваат во соработка со Филозофскиот факултет – Скопје и Завод и Музеј-Прилеп.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *