Култура

Барокот го напаѓа ГТЦ

Градскиот трговски центар  ГТЦ во Скопје е обиколен со ограда што е знак и иницијален чекор за започнување на градежни работи. Веднаш по медиумите и социјалните мрежи почнаа да кружат информации и реакции дека е можно да стартува најавената барокизација на претпознатливиот објект на ГТЦ, за што многу граѓани и архитектонската фела е против.

Инаку,  Владата  пред еден месец , на една од своите последни седници за објекти од посебен интерес ги прогласи: ГТЦ, Македонската опера и балет (МОБ) и Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Поовеќе невладини организации, граѓаните и асоцијацијата на архитектите стравуваат дека со ова се тргна и административната пречка за барокизација и на овие објекти во општина Цента. , со што тие практично би станале дел од „Скопје 2014“.ги прогласи за објекти од посебен интерес и ја одзеде ингеренцијата на Општина Центар за ГТЦ, но и за Македонската опера и балет (МОБ)  и Националната универзитетска библиотека „Св.  Климент Охридски“ (НУБ), заради изработка на планско урбанистичка документација за нив. Со оваа постапка се отстрании последната пречка за преслекување во барок на овие објекти – Општина Центар, оти градоначалникот Андреј Жерновски најави дека нема да дозволи ширење на барокот. Со статусот објекти од посебен интерес, за овие објекти Општината нема никакви ингеренции. Плановите за нив ги прави државната Агенција за планирање на просторот, документацијата ја подготвува Министерството за транспорт и врски, а одобренијата за градење место Општината и Градот, како за сите останати градби, ги издава Град Скопје.

Асоцијацијата на архитекти на Македонија во јули изјави дека тајмингот не е случајно одбран, во време на летните одмори, за на мала врата да се протурка намерата со што помал одек и реакции во јавноста.

Од друга страна, Град Скопје утрово вели дека оградувањето е поради обезбедување на просторот за вршење на градежни работи за реконструкција на паркот „Жена Борец“.

Со ова продолжува владиниот проект „Скопје 2014“, а верификатот со кој ГТЦ беше објект од културно наследство е укинат.

Идејата ГТЦ да добие барокна фасада предизвика реакции од архитектите, актерите и другите јавни личности во земјава.  Беа организирани бројни протести како и „гушкање на ГТЦ“, а Општина Центар лани во април распиша референдум за изгледот на Градски трговски центар, но тој беше неуспешен, затоа што не го исполни цензусот, односно на референдумот излегоа на гласање околу 40 отсто од 43.560 запишани гласачи.

Тогаш градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски рече дека повеќе од 95 отсто од оние што излегле на референдумот гласале за зачувување на автентичноста на ГТЦ.

Оградата е поставена од страната кон Жена-парк и оди речиси до Порта Македонија. На оградата нема никакви ознаки, ниту кој ни зошто ја поставил. Од општина Центар немаат информација кој го оградил Трговскиот. Вечерва главниот инспектор излегол на терен.

Активистите од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ побараа прогласување на ГТЦ за културно наследство, во насока на зачувување на автентичниот изглед, а граѓаните организираа и „Големо гушкање за ГТЦ“.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *