Култура

Да се молиш на Господ, да затвораш очи пред криминалци…

Да се молиш на Господ, да затвораш очи пред криминалци, да се потсмевате на млади и до последен образувани луѓе и да ги нарекувате “шарени” (кои беа апсени и казнувани без потреба, затоа што бараа правда и суд), да донираш сто мочани денари, а да останеш глув и слеп на исказот на хрватскиот инженер кој отворено и од побезбедно место (сега веќе од Хрватска) вечерва призна дека австриската компанија во која работел две години и живеел во Кисела Вода нудела бескаматни (бескаматни!!) кредити за обнова, реконструкција и доградба на канализација на Скопје и скопските општини си заминала од Македонија заради огромните мита кои ги барале скопските функционери и градоначалници кои може да ви ги каже по име и презиме, да повикуваш на разум во време на гротескна смрт, да повикуваш на пункт да донираат граѓани кои платиле даноци, а директорот на Државниот Архив манијакално да се шегува на Твитер дека се договиле со Коцета да заврне снег, да повикуваш да не се политизира ничија смрт, значи да премолчиш недолжна смрт. Не сме ни хумани, нит имаме почит кон мртвите – ние сме плашливи ко кукавици и длабоко во себе се молиме да не ни се случи нас зошто знаеме дека никој нема да биде тука или ќе биде тука кога веќе ќе биде касно. Да релативизираш дека може да му се случи на секој значи да се споредиш со некој многу подобар и посилен од тебе, а знаеш дека не си им ни до колена на една Словенија, на една Австрија, на една Холандија која мориња контролира. Да ја обвиниш природата и дождот зошто паѓа (со средна јачина!) дека е водена бомба значи дека си направен од кал. И да арам да ни е и лебот кој го јадеме и водата која ја пиеме и воздухот кој го дишеме. Да се молиш на Господ во ваква ситуација е богохулие! Закопајте ги мртвите, извлечете ги поплавените и запрегнете ги ракавите и „очистете“ си го ѓубрето од градот! Во право се политичарите кои не чувствуваат одговорност – не е на нивни рамења, ами на наши сечија невина смрт овие два дена. Никогаш повеќе! Никогаш пак!

Дарко Лешоски – Фејсбук статус

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *