Култура

Десет работи што треба да ги знаете за ГТЦ

  1. Планот и идејата на ГТЦ се учат како задолжителна лекција по предметот „Општествени згради“ на Архитектонскиот факултет во Скопје! За планот на ГТЦ, како ни за еден друг скопски објект, било пишувано во многу југословенски и странски весници..ГТЦ е продолжение на македонските традиции. Во својата функционалистичка основа и во идејата
  2.   ГТЦ е континуитет на балканската традиција за отворена чаршија низ која се поминува – токму како старата скопска чаршија. Во својата функционалност ГТЦ може да се чита и како продолжение на традициите на легендарниот македонски и балкански градител Андреа Дамјанов од 19 век (кој направил, во функција на јавни простори, и неколку антологиски цркви).
  3. ГТЦ може да се разбере и како продолжение на белите фасади на Охридската куќа, со своето модернистичко белило (модернистите сакале бели фасади). Дури и самиот Корбизие, таткото на модерната, во своите патувања низ Балканот бил фасциниран од Дебарската куќа! Затоа ГТЦ, и покрај својот модернистички ракопис, во себе содржи и многу традиционалност!
  4. ГТЦ не е бетон! ГТЦ е изграден од монтажни панели и челична конструкција, а монтажната градба е иднина на архитектурата. Бетонскиот начин на градба денес се напушта, како штетен по здравјето, гломазен и непрактичен. Затоа ГТЦ е технички револуционерен за своето време, но и за денешно време!
  5. ГТЦ има хуманистички граѓански концепт на „покриен“ плоштад. Тоа е систем на покриени улици – концепт кој бил исклучително авангарден, но пред сè функционален. ГТЦ е објект-случување, совршено вклопен во динамиката на градот.
  6. ГТЦ е во согласност со идеите на Кензо Танге за Скопје. Живко Поповски бил дел од тимот кој работел на реализација на проектот на Танге. (Една од фасцинантните идеи на Танге бил и „лебдечкиот“ футуристички мост кој ќе ги поврзува Новата железничка станица и ГТЦ. Посетителите на Скопје на тој начин би можеле да дојдат до градот со воз и потоа директно да прошетаат до ГТЦ.:)
  7. ГТЦ има 114.000 квадратни метри, што го прави еден од најголемите трговски центри на Балканот. Тој не е обичен „шопинг мол“. Денешните шопинг молови се затворени (Рамстор, Сити Мол) и не го поттикнуваат социјалниот дух на градот. Тие немаат излози и немаат однос кон луѓето и опкружувањето. ГТЦ, за разлика од нив, е трговски но и социјален простор чија цел не е првенствено трговијата, туку ползата на граѓаните и вклопеноста на архитектурата во градскиот пејзаж.
  8. ГТЦ совршено се вклопува во контекстот. Иако е голем објект, во секоја смисла, тој не го оптоварува градот, за разлика од габаритните шопинг молови. Живко Поповски на своите предавања велел: „Треба да се прават згради толку добро вклопени во опкружувањето што воопшто нема да се забележи нивното постоење”.
  9. ГТЦ е исклучителен пример за јавен простор кој го симболизира градот. 70% од неговата површина е отворена, како агора во која со децении се развива јавниот живот на скопјани. Во списанието „Млад Борец“ во 1990 Живко Поповски вели: „Не прашувајте ме што ќе сторам јас за градот — прашајте се што ќе направиме заедно за Скопје“.
  10. Нападот врз ГТЦ е напад врз урбано Скопје, врз граѓанските вредности, врз самата архитектура. Низ целиот свет објектите од модерната се заштитуваат како културно наследство. Точно е дека планот за доградба и реновирање на ГТЦ постои уште од деведесеттите, но ГТЦ може да биде реновиран само во својот автентичен израз.
  11. Текстот е преземен од Окно
Tagged with:

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *