Култура

Дихово меѓу најдобрите 50 скриени локации во светот

Македонското село Дихово, под падините на Баба планина, се најде меѓу 50-те најдобри тајни локации во Европа, според реномираниот туристички водич Lonely Planet. Порталот  “Lonely Planet” побара од своите експерти да понудат по пет локации, кои што луѓето ќе ги инспирираат за нивното следно патување. Нивната задача беше да одберат места кои што се речиси занемарени во светските водичи, меѓутоа истите се дестинации кои нудат незаборавно искуство.

Водени од мислата дека се прекрасни, а не доволно популарни, “Lonely Planet” ги повика своите читатели да ги посетат овие места и да уживаат во нивните магии.

Така, на листата на тајни локации во Европа се најдоа Лошињ и Музејот на улична уметност во Загреб во Хрватска, српската престолнина Белград, Морињ во Црна Гора и селото Дихово во нашата прекрасна Македонија.

Откријте ги нашите 50 тајни локации и вашето следно патување на Стариот континент ќе биде незаборавно”, ви порачуваат од “Lonely Planet”.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *