Култура

Дрво старо 1.075 години е најстар организам во европа

Најстариот пронајден жив организам во Европа, е дрвото од видот босански бор (Pinus heldreichii), што расте на планинскиот венец Пиндос во Грција,  близу границата со Албанија.  По пат на   дендрохронолошка анализа било утврдено дека дрвото е старо најмалку 1.075 години. Дрвото е наречено „Адонис“, по древнохеленсиот бог на убавината и страста.

Овој бор бил откриен од научници од еколошката опсерваторија Наварино, која е заеднички проект на Универзитетот во Стокхолм, Академијата на Атина и компанијата Темес. Опсерваторијата ги проучува климатските промени и нивното влијание врз животната средина и врз луѓето во Медитеранските региони.

„Неверојатно е што го најдовме овој голем, сложен и импресивен организам како преживеал во негостопримлив регион за природата, бидејќи тука имало цивилизација повеќе од 3.000 години – вели шведскиот дендрохронолог Пол Крушиќ, кој ја предводел експедицијата што го нашла дрвото.

Тоа е само едно од десетина многувековни дрвја што биле пронајдени високо на планината Пиндос. Една од целите на опсерваторијата е да пронаоѓа стари живи дрвја, за да може да ја проучува историјата на влијанијата од климатските промени. За да се утврди староста на дрвото, било  извадено едно парче од надворешноста до срцевината. Парчето било долго еден метар а на него имало 1.075 прстени.

Научниците се надеваат дека разликите во годишните прстени на дрвја како ова, но и на оние што паднале а се зачувани на земјата, може да им обезбеди податоци за климатските и еколошките услови со илјадници години наназад. „Воодушевен сум што во смисла на западната цивилизација, цела историја се одвивала околу ова дрво, сите империи, Византиската, Отоманската, сите луѓе што живееле во регионот. Толку многу работи можеле да доведат до неговата пропаст. За среќа, оваа шума во основа била негибната цели илјада години – вели Крушиќ „Босанскиот бор“ е вид кој расте на Балканот и во јужните предели на Апенинскиот Полуостров.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *