Култура

Енди Ворхол – татко на поп-артот

Енди Ворхол, (роден Ендру Ворхола  6 август 1928 -22 февруари 1987) потекнува од Питсбург, Пенсилванија, САД. Неговите родители се имигранти од Микова (североисточна Словачка) Тој рано покажува уметнички талент, а подоцна студира комерцијална уметност на Карнеги институтот за технологија. По дипломирањето  се сели воЊујорк и започнува успешна кариера како илустратор за магазини и реклами,, станува познат главно по неговите цртежи на чевли, остварени во слободен, замачкан стил.

Vorhol

Во текот на шеесеттите години на минатиот век, Ворхол од обичен илустратор станал еден од најпознатите уметници на Америка. Ворхол и луѓето околу него, на многу начини ја дефинирале оваа деценија. Во овој период Ворхол почнал да ги слика познатите американски производи, како “Кока кола”, но и популарните икони на филмот – како Мерилин Монро и Елизабет Тејлор. Во 1963 година го основа ателјето “The Factory” и околу себе собира сликари, писатели, музичари и познати андерграунд-личности. Почнал да се занимава со печатење на ткаенина – ситопечат и сликите ги работел во серии, постигнувајќи на тој начин не само да се занимава со уметност на масовното производство, туку и самата уметност станува масовен продукт. Изјавувајќи дека сака да биде машина и намалувајќи го значењето на својата креативност во продуцирањето на својата уметност, Ворхол направил револуција во уметноста. Неговата работа многу брзо станува контроверзна и популарна. Соработката со други ќе остане негов препознатлив ( и контроверзен) аспект на неговиот начин на работа во текот на целата кариера. Еден од неговите најважни соработници од тој период е Герард Маланга, кој му помагал во печатењето, снимањето филмови, скулптурата и другите работи.

vorhol i Hi;

Меѓу другите кои ја сочинувале неговата група биле и Фреди Херко, Роналд Тавел, Мари Воронов, Бригид Берлин ( од кои ја добил идејата да ги снима своите телефонски разговори). Во текот на оваа деценија Ворхол негувал боемска ексцентричност, со која ги презентирал своите “Ворхолови суперѕвезди”, меѓу кои се : Еди Сеџвик, Вива, Нико, Кенди Дарлинг… Овие луѓе учествувале во снимањето на филмови во “Фактори”, а некои како Берлин, останале негови пријатели до смртта. Важни личности од њујоркиот андерграунд – уметнички и филмски свет се појавувале во неговите филмови, што укажува на поврзаноста на Ворхол со разни уметнички кругови во тој период.

Изразот во уметноста на Ворхол
До почетокот на шеесеттите години на 20. век, Ворхол бил успешен рекламен илустратор. Ворхол бил толку успешен како комерцијален илустратор, што никој не го доживувал како уметник. Користејќи ја истата техника што ја користел во илустрациите, Ворхол направил серија цртежи и ги однел во галерија што ги одбила. Почнал да го промислува односот меѓу комерцијалната уметност и уметноста, и наместо да ги гледа како спротивности ( што било случај со другите уметници), почнал да ги спојува, создавајќи го поп-артот.
Поп-артот бил експериментална форма, која неколку уметници независно почнале да ја усвојуваат. Ворхол ќе стане познат како “Папа на попот”. Неговите први слики прикажуваат ликови од цртани филмови и реклами, кои ги работел рачно. Подоцна, Ворхол ги бара своите теми во своите икони на попот – брендовите, ѕвездите и доларите…
Познати изреки на Ворхол.

 

  • Да се родиш е исто како да бидеш киднапиран и потоа продаден во ропство.
  • Не обрнувај внимание на она што се пишува за тебе. Само измери го во сантиметри.
  • Јас навистина живеам за иднината, бидејќи кога јадам бонбониера, не можам да дочекам да го пробам последното парче чоколада.
  • Мојот инстинкт за сликарството вели: ако не размислуваш за тоа, тоа е вистинската работа. Штом морап да одлучуваш и избираш, тоа е погрешно. И колку повеќе одлучуваш за тоа, тоа станува повеќе погрешно.
  • Го сакам Лос Анѓелес. Го сакам Холивуд. Тие се прекрасни. Сите се пластични, а јас ја сакам пластиката. Сакам да бидам пластичен.
  • Деловната уметност е чекор што следува по уметноста. Јас започнав како комерцијален уметник, а сакам да завршам како деловен уметник.
  • Заработувањето пари е уметност и работата е уметност, а доброто работење е најдобра уметност. vorrhol

Ворхол работел во многу медиуми – сликарство, фотографија, цртеж и скулптура. Фабриката всушност е студиото каде се собирале уметници, меѓу кои и Мик Џегер, Дејвид Боуви, Лчиј рок бенд „ “The velvet underground” ќе стане познат под менаџерската палка на Ворхол. Меѓу 1963 и 1968 година снимил над 60 филмови. Неговиот најпопуларен филм, кој ги добил и најдобрите критики е “Девојките од Челзи” (1966). Филмот прикажува два филма истовремено, со различни приказни. Од попознатите е и филмот  Спиење,  кој покажува човек како спие 8 часа. По обидот за убиство, Ворхол веќе живеел поповлечено, па се откажал од снимање на филмови. претежно од експериментална природа.

 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *