Култура

Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ кој годинава ќе се одржи по седми пат, ќе стартува на 20 август и ќе трае до 26 август. Годинава Фестивалот се одржува под мотото, „Сите сме приказна“, а локациите се: Куршумли-ан, Чифте амам и Музејот на современа уметност.

Фестивалот е  познат не само во национални туку и во меѓународни рамки, за што збориваат петте филмски програми, трите работилници, концертите и наградите, како и за новитетите што оваа година се дел од програмскиот концепт на единствениот македонски фестивал што во целост е посветен на современата и креативна документарна филмска продукција. Годинава бројката се искачи на 53 документаристи од целиот свет, а „МакеДокс“ годинава доби и поддршка од Медиа програмата на „Креативна Европа“.

Бројот на филмови  дуплиран, , од 30-тина во минатите години, денес имаа 63 годинава.

Фестивалот годинава носи  неколку новитети: нова натпреварувачка програма на студентски документарни филмови и програма на земја во фокус, која оваа година ја посветуваме на Русија. Од организациски аспект новитет ни се местата на кои ќе се одвива фестивалот: покрај главниот фестивалски центар, кој и годинава е во овој магичен простор на Куршумли-ан, проекции ќе  се одржат и на платото пред анот, и тоа од 20:30, 22:30 и полноќни проекции од студентската програма.

Има и две нови локации и за работилницата „Раскажувачите раскажуваат“, која ќе се одржува во Чифте амам и за работилницата „Уметноста на раскажувањето“, која ќе се одржува во Музејот на современата уметност.

Креативните документарци што ќе бидат прикажани на седмиот „МакеДокс“ се распоредени во пет програми-Главна програма, Нови автори, Руски снег, Кратки документарци и Студентски приказни.

Седмото издание на фестивалот е посветено на раскажувачите. Фестивалот ќе биде  отворен  со една топла и тажна приказна базирана на музика со песните на словенечкиот актер, режисер, поет и писател Фране Милчински – Јежек, раскажана со документарниот филм „Мојот превртен свет“, како македонско-словенечко-хрватска копродукција. Селекцијата на филмовите во петте фестивалски програми се движи по линијата на добро раскажана приказна и силни човечки личности, што произлезе од мотото „Сите сме приказна“, вели  селекторката Петра Селишкар.

На фестивалот ќе бидат присутни филмски остварувања и автори кои се во врвот на современата документаристика, како Патрицио Гузман со неговото „Бисерно копче“, Андреас Џонсен со „Бубачки“ како нов начин на исхрана, Клаудија Тоси со „Совршениот круг“.

На затворањето на фестивалот ќе биде  прикажан „Пожар на море“ од Џанфранко Роси, добитник на „Златна мечка“ во Берлин. Во селекцијата на кратки документарци  е филмот,  „Балада за жабите“ на Леонор Телес, исто така со „Златна мечка“ во Берлин. Од Русија доаѓа најзначајниот современ руски автор Виталиј Мански со „Под сонцето“, со приказна снимена во Северна Кореја.

Руските современи автори на документарни филмови ќе бидат застапени во програмата „Руски снег“.

 – Селекцијата на филмови од земјата во фокус-Русија е со наслов „Руски снег“. Во неа ќе бидат прикажани седум документарни филмови од најновата руска документарна продукција, кои ќе раскажуваат приказни за најпознатата академија за руски балерини, за сибирските селца, како и за авангардните градски фаци кои си го наоѓаат својот мир во шумите на рускиот север. Новитет во програмска смисла е воведувањето натпреварувачка селекција на студентски филмови.

Автор:

Слични статии