Култура

Google прави целосно нов оперативен систем

Според првичните информации, новиот оперативен систем ќе се вика Fushsiaи нема никаква сличност со Android

Google работи на целосно нов оперативен систем, кој нема да има ништо заедничко со Android. Според информациите онлајн, новиот оперативен систем ќе се вика Fuchsia. Не е базиран на Android, мобилниот оперативен систем на технолошката компанија од Калифорнија која го користат милијарди телефони во светот, ниту, пак, има некаква врска со Linux. На страницата GitHub има многу кратка најава за оперативниот систем. Пишува само: розово + виолетово = Fuchsia.

Засега нема официјална најава од Google и се чини дека новиот проект е во зачетна фаза. Еден од вработените во Google вели дека проектот ќе ги вклучи и корисниците. „Работите ќе бидат јавни, документирани и најавени, но подоцна“, велат извори од компанијата.

Главното прашање е за што ќе служи оперативниот систем Fuchsia, но засега нема никакви конкретни информации. Според блогот Android Police, кој е еден од првите што го најави оперативниот систем, Fuchsia има потенцијална примена во Интернетот на нештата. Linux и Android не се идеални за многу употреби каде што не се вклучени традиционални компјутери, а со оглед на тоа што IoT станува сè попопуларен, логично е Google да сака да се вклучи со сопствен оперативен систем како што направи во мобилната технологија.

Сепак, според шпекулациите, Fuchsia нема да биде ограничен на IoT, туку ќе може да се употребува на буквално сè: од паметни уреди до мобилни телефони и десктоп компјутери. Според некои, можно е дури да се користи и за засилена реалност. Постои опција Google со новиот оперативен систем да ги замени или да ги обедини Android и Chrome OS.

Останува да видиме што ќе донесе времето. Може да се покаже дека Fuchsia не е ништо повеќе од интересен проект на вработените во Google кој никогаш нема да добие комерцијална верзија. Или, пак, да биде идното големо откритие на Google и вовед во идната генерација компјутерски платформи.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *