Култура

Хуманитарна продажна изложба за настраданите од поплавите во Концепт 37

Вечерва, девети август, со почеток во 20 часот, во арт-кафето „Концепт 37″,  ќе се одржи продажна хуманитарна изложба на повеќе од 30 македонски уметници (сликари, графичари, цртачи, писатели, дизајнери на накит) од неколку македонски  градови. Целта на оваа изложба е да се соберат барем дел од неопходните финансиски средства за помош на жртвите од  катастрофалните поплави и невремето кои го зафатија Скопје и околината, каде покрај огромните штети имаше и човечки жртви.

Досегашните пријавени уметниците кои ќе бидат дел од овој хуманитарен настан се: Дороти Пачкова, Јана Јакимовска, Ивана Настески, Ана Миланова, Лилика Стрезоска, Биби Клечакоска, Ена Зафировска, Натали Ристовска, Ем Елефантски, Ана Петровска, Алма Идризи, Кристина Божурска, Александра Зиновски-Вилиќ, Викторија Попоска, Маја Кировска, Дафина Џепароска, Билјана Бинчев, Снежана Мелник, Жани Гелевска, Јана Ацевска, Руки Чуки, Нита Муча, Леа Варошанец, Маја Чанкуловска, Натали Николовска, Дијана Томиќ, Бапси Чулкин, Мелани Дигит, Симонида Филипова Китановска, Ненад Тонкин, Љубиша Камењаров, Ване Костуранов, Тони Димитров, Урош Вељковиќ, Глигор Кузмановски, Никола Пијанманов, Ѓорѓе Јовановиќ, Иван Шопов, Сашко Илов – Дете, Владимир Лукаш, Лидија Георгиева и други. Изложбата ќе има и музичка поддршка од страна на  Шурбе и Тони Димитров.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *