Култура

Кој го удави Скопје

Ако Груевски се соочи со познатите скопски урбанисти, хидроинженери експерти за регулација на водите, стручњаци за мелиорација, одводнување и наводнување, градежни инженери, архитекти, сеизмолози, ќе дознае колкав е гревот што наместо нивните проекти кој фаќаат прав по некои подруми и канцеларии ги реализирал и скапо платил споменичните креатури во слава на власта и антиката. Тие ќе му објаснат што се’ можело да се направи со тие пари.

Ќе дознае зошто Вардар не поплавува повеќе по изградбата на браната Козјак и со регулација на коритото. Ќе дознае каде исчезнаа скопските канали за одводнување и наводнување и кој ги затрупа. Ќе дознае што значи кога еден град има или нема атмосферска и фекална канализација во согласност со бројот на жители. Ако сака да ја слушне вистината, ќе му кажат каква опасност се крие од свлечишта, кои се критичните црни точки во градот од поплави и пожари. Мислам дека ќе фати уплав ако директорот на ИЗИС му каже најотворено какви ќе бидат последиците од евентуален посилен земјотрес бидејќи градежната и алчна мафија не гради по законските стандарди донесени по катастрофалниот земјотрес, туку гради по коруптивни и криминални пресметки и за баснословни профити.

Ако сака да чуе Груевски ќе дознае колкава е опасноста од дивите озаконети градби по коритото на Вардар и немилосрдната сеча на шумите на Водно и околните планини. Ако сака да слушне Груевски ќе дознае како се ублажуваат, па и спречуваат големи катастрофи бидејќи има луѓе што тоа го знаат и го работеле.

Веројатно немаше да се решат сите проблеми за добра инфраструктура во државата и во главниот град, но за десет години и за фрлените милиони евра во споменици и лажен фалшив барок и со почитување на законската регулатива и стручните луѓе можеше многу да се направи.

Целата колумна можете да ја прочитате во Утрински весник 

Tagged with:

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *