Култура

Концерт на Ал Ди Меола во Античкиот теaтар во Охрид

Утре, 13 август, во Античкиот театар во Охрид, со почеток во 21 часот, ќе настапи еден од најпознатите гитаристи во светот, Ал Ди Меола. Неговиот настап е во рамките на промотивната турнеја за неговото последно албумско издание со наслов „Elysium“.  Магазинот „Guitar player, го прогласи Ал Ди Меола четири пати за најдобар џез гитарист. На концертот Меола ќе го придружуваат гитаристот Pеo Alfonsi и перкусионистот Peter Kaszas.

Пошироката светска јавност го запозна Ал Ди Меола вo 1970-те години, како гитарист во џез-фјужн составот „Return to forever“, во кој членуваат клавијатуристот Chick Korea, басистот Stanely Clark и тапанарот Lenny White. За тоа време, додека Ал Ди Меола е член во „Return to Forever“, составот објави три албуми. Но, кон крајот на 1970-те години, Ал Ди Меола одлучува да прави соло кариера и до денес има објавено 24 албуми, освоено многу значајни награди и продадени над 10 милиони копии од своите изданија.

Освен со Clark и Corea, Ал Ди Меолае познат и по соработката со колегите John McLaughlin и Paco de Lucia, кои во јавноста беа познати под името „гитарско супер трио“. Долгата листа на соработници на Ал Ди Меола вклучува имиња како Paul Simon, Phil Collins, Luciano Pavarotti, Carlos Santana, Jimmie Page, Frank Zappa и многу други.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *