Култура

Концерт на италијанското пијано-дуо на Охридско лето

На Фестивалот „Охридско лето“ во црквата „Св. Софија“ вечерва, 17 август  во 20 часот, ќе настапат пијанистите од Италија, Марко Скјаво и Серџо Маркеџани.  На концертот насловен „ Пијано, четири раце“ ќе бидат изведени дела на Шуберт и Брамс.

Пијано-дуото „Скјаво – Маркеџани“ се смета за едно од најактивните и најценетите денес. Извонредната координираност, техника, експресивност, убавина на звук, интензивност и прекумерна енергија со која се одликуваат нивните настапи, ја плени публиката низ целиот свет.

Дуото музичари Серџо Маркеџани и Марко Скјаво своето знаење го стекнале под менторство на некои од најистакнатите професори-пијанисти денес. Заедно музицираат уште од 2006 година и оттогаш имаат направено стотици концерти на некои од најзначајните фестивали и најпрестижните сали во светот.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *