Култура

Роберт де Ниро ја прими наградата за животно дело на СФФ

Во присуство на еден од најзначајните современи актери,  Роберт де Ниро, со врачувањето на наградата за животно дело на овој голем актер, режисер и продуцент, беше отворен  Сараевскиот филмски фестивал, 22-ри по ред.  Во една магична вечер, како што му доликува на еден фестивал и каква што треба да биде кога се апсорбираат убави нешта како што е уметноста и во овој случај филмот, на славниот Де Ниро  наградата „Срце на Сараево“ му беше врачена пред 3000 луѓе во отвореното кино  (Open Air Cinema).

Фестивалот стартуваше со прикажување на култниот филм на Скорсезе „Таксист“ во кој Роберт де Ниро ја игра главната улога , филм кој слави 40 години од неговото создавање.

Двократниот оскаровец, славниот глумец, режисер и продуцент, Роберт де Ниро,  е првиот добитник на наградата „Срце на Сараево“  што оваа година Филмскиот фестивал во Сараево ја доделува  прв пат за за животно дело.

Директорот на Сараевскиот филмски фестивал Мирсад Пуриватра, изјави дека е голема  чест за фестивалот да се има такво големо актерско име како што е Роберт де Ниро, кој е прв добитник на наградата за животно дело  „Срце на Сараево“.

Сараевскиот филмски фестивал, кој стартуваше вчера, 12 август, ќе трае до 20 август.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *