Култура

Роберт де Ниро прв добитник на „Срце на Сараево“ за животно дело

Двократниот оскаровец, славниот глумец, режисер и продуцент, Роберт де Ниро,  е првиот добитник на наградата „Срце на Сараево“  што оваа година Филмскиот фестивал во Сараево ја доделува  прв пат за за животно дело.

SSSSSSS

Сараевскиот филмски фестивал кој годинава ќе го има своето 22 издание, ќе се одржи од 12 до 20 август. Во главната програма, ќе се натпреваруваат осум филма за главната награда „Срцето на Сараево“ а селектирани се вкупно 11 филма во оваа програма.

Оваа награда на славниот Роберт де Ниро, ќе му биде врачена на отворањето на фестивалот, кој ќе биде отворен со филмот „Таксист“ на режисерот Мартин Скорсезе, каде Де Ниро ја имаше главната улога , филм после кој кариерата на актерот само се искачуваше вртоглаво по нагорна линија.

Директорот на Сараевскиот филмски фестивал Мирсад Пуриватра, изјави дека е голема  чест за фестивалот да се има такво големо актерско име како што е Роберт де Ниро, кој е прв добитник на наградата за животно дело  „Срце на Сараево“.

Слични статии