Култура

Свечена академија по повод 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски

По повод 1100 години од упокојувањето на Св. КЛимент Охридски, утревечер во Античкиот театар во Охрид, со почеток во 21 часот ќе се одржи Свечена академија на МАНУ.  На програмата ќе бидат изведени македонски духовни и народни песни во обработка на македонскиот композитор, Сони Петровски. Песните ќе ги изведат Ана Дурловска и Игор Дурловски едни од нашите најдобри вокали. Ана Дурловска настапува на сцените на најголемите оперски куќи во светот. Добитничка е на опвеќе награди  меѓу кое и државното признание од областа на културата „Национален уметник  на Република Македонија“ во 2015 година.  Игор Дурловски своето деби го доживува на 22 годиини и оттогаш има остварено голем број на водечки улоги дома и во светот, како што е соработката со Московската филхармонија, Белградската филхармонија, Австрија, Германија и други…. Песните ќе бидат изведени во придружба на Македонската филхармонија а под диригентската палка на Борјан Цанев.

Маестро Борјан Цанев од 1999 година е редовен диригент на Македонската филхармонија, и заедно со овој оркестар досега има остварено голем број успешни концерти во Македонија и странство. Во неговата биографија се впишуваат и бројни настапи со водечки оркестри и реномирани солисти од целиот свет. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и значајната „Георги Божиков“ за најдобра изведба на дело од македонски автор.

Македонската филхармонија е формирана во 1944 година, непосредно по ослободувањето на градот Скопје. За сите години на своето постоење, Македонската филхармонија е еден од главните двигатели на музичката култура во земјава, промотор на националното музичко творештво и амбасадор на македонската музичка уметност во светот.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *