Култура

„Ибни Пајко“ по трет пат куртули од барок

Пропадна и третиод обид на град Скопје,. зградата на Ибни Пајко да добие т.н. барокна фасада.  По трет пат до комисијата ниту една фирма не поднела понуда, па така архитектите се одзваа по трет пат на повикот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија да не учествуваат на овој оглас.

Инаку, градот Скопје, третиот оглас  за понудувачи за менување на фасадата на ова Ибни Пајко го објави во јули оваа година, откако пропадна вториот оглас за менување на фасадата на објектот изграден во далечната 1938-година по проект на Глигорие Томиќ.

Два пати претходно, при отворањето на понудите за изготвување основен проект за реконструкција на фасадата не се пријави ниту една фирма. По последниот неуспешниот втор обид, Градот повторно распиша трет оглас. Покрај Ибни Пајко, кој се наоѓа на Црвена скопска улица со број 56, нова фасада ќе добие и објектот со број 58. Со тоа барокот би се раширил и низ плоштадот Филип Втори.

Од Асоцијацијата на архитекти не отстапуваат од барањето нивните колеги да го бојкотираат конкурсот.  Асоцијацијата на архитекти на Македонија, најави дека колку пати Градот ќе распише оглас за барокна фасада на „Ибни Пајко“, толку пати тие ќе го повторат повикот до проектантските бироа и до архитектите да го бојкотираат огласот за да се заштити сегашниот изглед на зградата. Упорноста секој објект кој е замислен да биде во барок е приказна која се наметна под диктат на власта и ќе ја тераат до крај, смета Сања Раџеновиќ, но според неа, во моменталната политичка ситуација, тоа треба да биде најмал приоритет.

-Изготвувачите на идејните проекти на барокот, они работат идејни проекти по нарачка, кои всушност не се ни проекти, истите тие архитекти не се автори на основните проекти, тие на крај не се ни доволно квалитетни и немаат доволно проектантска вештина да можат да го изработат основниот проект на идејниот проект претходно. Се вртат едните исти фирми, изјави Сања Раџеновиќ од асоцијацијата на архитекти.

Идејниот проект за барокна фасада е изработен од Лазар Димов и Никола Стакинов. Тие беа и единствените архитекти кои се пријавија и поминаа на конкурсот во средината на февруари.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *