Култура

„Игла под прагот“ со Ристановски во трка за „Оскар“

Долгометражниот игран филм „Игла под прагот“ е црногорскиот кандидат за „Оскар“ за 2016 година. Во филмот по сценарио и режија на Иван Мариновиќ, во продукција на „Адриатик вестерн“, главната улога ја има македонскиот актер Никола Ристановски, кој игра покрај Сека Саблиќ, Љубомир Бандовиќ, Богдан Диклиќ, Леон Лучев и др. Филмот ќе се кандидира за номинација во конкуренцијата за „Најдобар странски филм во 2016 година“ на 89 издание на Оскарите во Лос Анџелес, што ќе се одржи во февруари идната година.
Главната улога во филмот ја толкува македонскиот актер Никола Ристановски,

Филмот е црна комедија и зборува за жителите од едно село на полуостров, кои сакаат да продадат голем дел од земјата за да ги решат своите проблеми. Во намерата ги попречува свештеникот, кој одбива да го продаде својот дел. Филмот е сниман во величествениот амбиент на Бока Которска.

„Игла под прагот“ е дебитантски филм на Мариновиќ кој премиерно беше прикажан на неодамна одржаниот филмски фестивал во Сараево. Сценариото уште пред да биде снимен филмот во Ерусалим и во Сараево пред две години доби две престижни награди.

На годинешниот јавен конкурс кој беше отворен од 26 ти јули до 15 септември, беа пријавени два филма “Игла под прагот“ и „ Под мостот, меѓу карпите“.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *