Култура

Математичарот кој не сакаше милион долари

Најдобриот жив математичар, Русинот Григори Перелман, ја има пронајдено својата среќа, која е независна од парите. Григори jа одби заслужената награда од милион долари. Што е тоа што тој за тие пари може да го купи а веќе го нема во себе? „Ако можете да ги тренирате рацте и нозете, зошто избегнувате да го тренирате мозкот?“, вели математичарот Григори.

Живи аскетски живот, сака да чита книги и тоа го прави бескрајно среќен. Невработен е. Живее во Санкт Петерсбург, во станот на мајка му и од нејзината пензија.

grigori-perelman_699708

Григори го потврдува правилото според кое на „секој генијалец му е потребен брат или сестра за да го издржуваат“. Соседите ретко го гледаат. Понекогаш ќе прошета во излитено палто и во излитени фармерки.  Тие тврдат дека тој живее во сиромаштија,  иако веруваат дека и Григори тоа истото го мисли за нив.

Григори стана за потсмев ширум светот, особено на оние кои едвај завршија осмолетка.  Истите кои и на Ајнштајн и на Тесла би им делеле совети.

Математиката не е работа на мислење,  како што ниту човекот е рационално битие. Светските институции би требало да го регулираат правото на „возрасните“ да бидат ирационални и неразборити. Психологијата вели дека кога ке се најде објаснување за некоја околност или појава, тогаш се блокира природната тенденција на свеста понатаму самостојно да делува.

На тој начин повеќе не се запознаваме себеси, ниту развиваме креативни идеи. Григори Перелман реши еден од седумте милениумски проблеми во математиката: тополошки проблем според кој секој тридимензионален простор кој е без дупки, е поврзан и конечен, всушност еквивалентен на развлечената сфера. Работел околу осум година на решавање на ова хипотеза, а целата постапка ја објаснил на илјада страници. Освен што го одбил милионот, тој е запомнет и по реченицата:

Математиката е универзален модел на природата и тоа е се што знаеме. Уметноста и филозофијата се засноваат на математиката, додека науката и уметноста се спојуваат во крајната точка. Григори е руски уметник, љубител на виолина и математичар, кој интелектуално е над монетарниот систем. Само и таква личност можеше да го реши милениумскиот проблем. Паметен и скромен, Перелман би требало да биде пример на „јет-сетот“ кој знае да брои, но понатаму на прсти.

Запад изгради империја на суетите на прости луѓе. Антипод на Макијавелизмот, Русинот Григори, е модерен Диоген, слободен во секој поглед. Иако е социјален случај, на него му е доволно тоа што го има, додека на некој би му било малку кога би му подариле и цел град.

Григори е роден на 13 мај 1966 година. Како еден од петте членови на советската екипа, во 1982 година на Меѓународната математичка олимпијада освоил златна медалја со освоен совршен резултат.  Докторирал во Санкт Петерсбург, предавал на неколку американски факултети, но во 1994 гоидна дал отказ на Беркли и се вратил во Русија. Иако го решил Поенкаровиот милениумски проблем, се пофалил само на еден негов колега. Овој, воодушевен од откритието, резултатите ги презентирал пред научната јавност.

grigori-perelman

Монополот на математички мозгови, после низа години испитување на неговиот резултат, го прогласи за бравурозно откритие. Наградата на Филдс, еквивалентна на Нобелова награда како и ЦМИ признание во висина од милион долари,  Перелман ги одбил. Луѓето како Григори ги надминуваат медиокритетите и секојдневните човечки потреби, па и потребата за пари и слава. Не се појавил на церемонијата на доделување во Мадрид, што се случило за прв пат во доделувањето на оваа награда, а коментарот бил дека токму тој ден „морал да појде во шумата да собере печурки“. Сосема логично објаснување на еден гениј.

Перелман кратко искоментирал дела Европското здружение на математичари не е компетентно да го оценува неговиот труд, без разлика што оценката била позитивна. Со неколку збора во руските медиуми, изјавил дека не е заинтересиран за парите, ниту за слава, и дека не сака да биде изложен како животно во зоолошка градина. После ова стана најголемата енигма во историјата на американските медиуми, каде капиталот е на ранг со божество.

Сите соби во станот на Перелман се крцати со книги и листови хартија.  Соседите се жалат дека им смета кога тој удира со топчето за тенис по ѕидовите.

Обични смртници трчаат за материјални работи, пари, слава… Додека луѓето како Григори се задоволуваат со малку и со императив за трагање по тајни.

Човек кој живее за принципи а не за пари, го отфрла комодитетот, занејќи дека постои нешто што е повредно од пари.

И во Русија Григори е често мета на потсмев. Многумина му префрлаат дека требал да ја прими паричната награда од еден милион долари и да ја даде за добротворни цели. Притоа заборавајќи дека Григори, наместо пари, на идните поколенија им остави врвно знаење, потполно бесплатно.

Генијалците често имаат проблем со комуникацијата со околината, но затоа тоа го компензираат со некои други работи. Баш таквите го движат светот. Последното што Григори го кажа пред новинарите беше: „Знам како функционира Универзумот. Зошто тогаш би трчал да земам некој милион долари, кажете ми?„

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *