Култура

Најубаво е да се живее во Мелбурн – Австралија

Дури 6 од првите 10 градови, каде што се живее најубаво, се во Австралија. На листата објавена од Economist Intelligence Unit, се наоѓаат градови во светот во кои е најубаво да се живее. Оценувани се 140 града,  каде што градовите се рангирани според тоа какви услови нудат за живеење. Индексот според кој се оценувани има максимална вредност 100, вклучува 30 фактори врзани за безбедноста, здравствената заштита, образованието, инфраструктурата и животната средина, но не се земени предвид трошоците за живот. Во истражувањето се вклучени 140 градови од светот. Најдобри оценки имаат градовите со средна големина во побогатите земји. Австралиски Мелбурн е на чело на листата шеста година по ред, а дури 6 од првите 10 градови каде што се живее најубаво се во Австралија. Сепак Сиднеј годинава не е меѓу првите 10 поради стравот од терористички напади.

После Мелбурн, на втора позиција годинава се наоѓа Виена, на трета Ванкувер, па потоа следуваат:Торонто, Калгари, Аделаид, Перт, Оукленд, Хелсинки и Хамбург.

Viena

Виена

Дамаск во Сирија е градот каде што најлошо се живее според годинашното рангирање со оценка 30,2 од вкупно 100 и лоши резултати во речиси сите категории, а главната причина за тоа е војната во Сирија.

Vankuver

Ванкувер

Киев е единствениот европски град во последните 10 на листата поради лошата оценка за стабилноста поради конфликтот со Русија. Останатите 8 градови во последната десетка се: Триполи, Лагос, Дака, Порт Моресби (Папуа Нова Гвинеја), Алжир (Алжир), Карачи (Пакистан), Хараре (Зимбабве), Дуала (Камерун).

Засилената нестабилност во текот на изминатата година предизвика пад на подолна позиција на речиси петтина од сите 140 града. Десет од тие градови се во Европа: Париз, Лондон, Цирих, Женева, Берлин, Брисел, Рим, Луксембург, Франкфурт и Лисабон. Некои американски градови како Њујорк, Атланта, Сан Франциско и Чикаго исто така паднаа неколку позиции подолу поради чувството на небезбедност на граѓаните. И некои кинески градови забележаа пад во нивните оценки поради несогласувањата за Јужното Кинеско Море.

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *