Култура

Оскаровецот Џон Сил од каубој и овчар станал извонреден снимател

Денеска, во рамките на Инетрнационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“,  мастер-клас одржа оскаровецот Џон Сил, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело на годинешното фестивалско издание.
Славниот австралиски снимател говореше за почетоците на својата кариера како фотограф и снимател во телевизиските студија во Австралија. „Во 60 –тите години, во Австралија занимавањето со фотографија и со снимање не се сметаше за сериозна професија, требаше да се работи некоја вистинска работа. Во 50-те години од минатиот век, барајќи работа, почнал како каубој,  чувал неколку илјади овци на една фарма но и имал камера со која снимал.  Потоа, се вратил во Сиднеј и влегол во ТВ-АБЦ каде работел седум години, каде претежно снимал документарни филмови.

-Но, токму тоа помогна многу да научам, јас едноставно го сакав тоа. Работевме многу напорно во тоа време, камерите беа огромни, се снимаа првите реклами и тв серии, но тоа беше добар тренинг, имавме многу слобода и тоа беше апсолутно фанатастично“, рече Сил кој истакна дека за професионално напредување и усовршување како снимател му било драгоцено искуството стекнувано од работата со други сниматели и камера оператори. Оскаровецот истакна дека за него најважна е слободата во снимањето, а понекогаш и брзината за да се фати некој уникатен кадар.

Не сакам да бидам снимател што работи предвидливо, па кога ќе го видите филмот веднаш да знаете за кого се работи и без да му го прочитате името. Се обидувам да работам на вариететни филмови и да го прилагодам начинот на снимање на самиот филм и содржината, наместо филмот да го прилагодувам кон светлото“, додаде оскаровецот Сил.
Тој истакна дека секое сценарио е различно и треба да му се пристапи од различен агол. „Треба да ја зграпчите публиката, да ја вовлечете во филмот и да не ~ дозволите да излезе“, рече лауреатот на „Браќа Манаки“.

Сил потврди дека има разлики во австралискиот и американскиот систем на подготовка на филмови, и дека во Австралија е поголема креативната слобода на кинематограферите. Во АМерика режисерот кажува што точно треба снимателот да прави, додека во Австралија има поголема креативна слобода на снимателот.
Сил говореше и за искуството од снимањето на еден од најзначајните филмови во неговата биографија „Англискиот пациент“ на режисерот Антони Мингела, за кој освои Оскар во 1997 година. Тој објасни дека филмот е работен по книга која е толку комплексна, што режисерот го изработил сценариото така што со часови седел и ја препрочитувал одново и одново, се додека не ја екстрахирал сржта на романот, односно љубовната приказна

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *