Во Турција, полицијата запленила Библија, напишана на кожа од газела, кога осомничените сакале да ја продадат. Библијата е оштетена и само 20 страници се во добра состојба. Античкиот примерок на Библијата е запленета во градот Аксарај, град во централна Анатолија, во моментот кога двајца осомничени сакале да ја продадат. Се уште не е јасно како осомничените дошле до Библијата, но нив полицијата ги уапсила, откако примила информација, во моментот кога требале да се најдат со потенцијалните купувачи. Библијата сега се наоѓа во локалниот музеј каде се проучува нејзината автентичност, којашто содржи текст и цртежи на Исус Христос и крстови. Инаку, градот Аксарај бил важен град во античката Кападокија, каде се населувале христијани, особено после иконокластичниот период. Таа заедница напредувала и после исламскиот продор во 11. век.
(Кон збирката раскази „Во главата слушам песна“ од Елизабета Баковска во издание на Или-Или, Скопје, 2020 година) Стиховите од песните остануваат како семиотичка сенка во нашата свест, а кога ќе престанеме да ги слушаме тие песни остануваат како прилепено животно искуство од кое не сакаме да се одвоиме затоа што тоа е тоа што не…
Во средата, на 20 јануари се конституираше жири-комисијата за доделување на наградата „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културни вредности „Славко Јаневски“. Жири-комисијата е во состав: Оливера Николова (минатогодишна лауреатка и претседателка на Комисијата), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата). Жири-комисијата ќе направи…
Познатата филмска и театарска актерка Мира Фурлан почина на 65-годишна возраст, во средата, 20 јануари. Фурлан е родена во Загреб на 7 септември 1955 година. Отпрвин, таа беше истакната актерка во Хрватскиот народен театар во Загреб, но во 80-тите години стана една од најпрепознатливите и најавтентични југословенски филмски актерки. Во тој период од нејзината работа таа…
Aмериканскиот водител Лери Кинг, чии интервјуа со светски лидери, филмски sвезди и обични луѓе помагаа во дефинирањето на американскиот дијалог половина век, почина денеска на 87 годишна возраст. Причината за неговата смрт не е соопштена. На 4 јануари беше објавено дека Кинг е позитивен на ковид- 19. Кинг починал во медицински центар во Лос Анџелес,…
Македонскиот народен театар стартува со меѓународниот проект „Патиштата на хероите“ во кој се вклучени и шест организации, од кои пет се од партнерските земји: Ла Драматурџи 0д Италија, Лооп Амке од Грција, од Босна и Херцеговина учествува Студио Театар, Институт за театарска игра од Словенија и од Србија, Ехо Анимато. Од Македонија е вклучена издавачката…
Роден е во Скопје, на 2 мај 1956 година и е еден од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломирал актерство кај проф. Љубиша Георгиевски. За време на студиите настапувал во Драмскиот театар во Скопје. По Академијата, заминал за Белград, каде што останал 10 години. Филмови: 2002 ЗАЕДНО ЗА МАКЕДОНИЈА; кастинг директор, ПРИСТОП, Скопје…
Измина еден месец откако светот се обедини на Самитот за климатски амбиции на 12 декември минатата година, каде домаќини беа Велика Британија, ООН и Франција заедно со нашите партнери Италија и Чиле. Беше тешка година, со оглед на тоа што земјите низ целиот свет се бореа со последиците од КОВИД-19. Но, пандемијата не ја запре…
Режисерот и сценарист Гоце Цветановски го објави тизерот за својот прв игран филм „Денот на жената“. Станува збор за социјално-ангажиран крими-трилер кој се фокусира на темата трговија со луѓе, со посебен акцент на насилството врз жените. Пораката на филмот е оптимистична – дека, сепак, правдата е посилна од неправдата. Филмот е по сценарио на Цветановски,…
Напишете коментар