Култура

Почнува есента

Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 16 часот 22 минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе почне пролетта.

На почетокот на есента, Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 20 минути, а ќе зајде во 18 часот и 32 минути. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.

Метеоролозите за првиот есенски ден најавуваат облачно време со повремен ветер. Максималната температура ќе достиге до 23 степена.

Есента ќе трае 91 ден, до 21 декември во 11 часот и 44 минути кога настапува зимата.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *