Култура

Роберт Вилсон – почесен доктор на науки на Универзитетот ЕФТА – Скопје

Вчера, во Македонскиот народен театар, пред повеќе присутни во салата, му беше доделена титулата почесен доктор на науки,  (Doctor Honoris Causa) на славниот американски театарски режисер Роберт Вилсон, од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје.  По поводот прогласување на едно од најголемите имиња на светскиот театар, беседа одржа ректорот на ЕФТА, Јордан Плевнеш.  

„Точно пред три гопдини на Универзитетот Сорбона, почитуван Роберт Вилсон, Македонија Ве прогласува за Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска, Филмска, Театарска и Танцова академија, Скопје-Париз-Есен-Ротердам и Македонскиот Народен Театар е среќен што вие сте сега на неговата сцена„, рече Плевнеш на почетокот на својата беседа.  

 – Првпат сум во Македонија и во Македонскиот народен театар, прекрасно е да се биде тука, изјави Вилсон на церемонијата на прогласување за почесен доктор на науки.

Тој имаше и средба со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, со раководството на МНТ и со ректорот на ЕФТА Јордан Плевнеш.

Канческа-Милевска изјави дека разговарале за идната соработка на МНТ со Вилсон и го запознала, како што рече, со вложувањата на Владата во областа за културата и за остварувањата на Македонскиот народен театар.

– Посебно ми е драго што денеска ја добив титулата доктор на науки од ЕФТА со што неговото име ќе остане врежано во нашата држава како еден искрен и долгогодишен пријател и се надевам дека во иднина ќе оствариме одлична соработка, изјави Канческа-Милевска.

Директорот на МНТ Дејан Пројковски рече дека МНТ е театар на сонувачи кои веруваат во чуда и дека едно од чудата се случува вечерва.

– Имавме кратка средба на која ги споделивме нашите емоции и воодушевувања од работата на овој голем театарски гигант и, се разбира, со уметничкиот директор на МНТ ја остваривме шансата да му дадеме отворена покана на господинот Боб Вилсон дека Македонскиот народен театар широко ги отвора вратите за него и за неговата естетика, истакна Пројковски.

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *