Култура

Стрип конкурс „Велес 2016“

Стрип центарот на Македонија – Велес објави дека претставници на Рашката школа за стрип од соседна Србија ќе бидат првите специјални гости кои ќе учествуваат на годинашниот интернационален стрип салон „Велес 2016“ што ќе се одржи кон средината на октомври. Листата на интернационалните гости се уште не е конечна и таа ќе се пополни од редот на учесниците на годинешниот стрип конкурс . Традиционално, од авторите од истиот конкурс ќе се изберат и домашните стрип автори кои ќе учествуваат на најреномираната стрип манифестација кај нас. Овој конкурс завршува на 20 септември, а заинтересираните може да се информираат на веб сајтот www.comiscenter.mk

strip-ventar-na-mak
Организаторите се задоволни од динамиката на пристигнати стрипови. На ланскиот конкурс пристигнаа рекордни 228 дела од 42 држави а досега се пристигнати 181 стрип дела .Она што е забележливо е контунуираното зголемување на учеството на автори од нашата земја, не само од поновата ,туку и реактивирање на стрип автори од „средната генерација“ ,неправедно запоставени во минатото. Ова е уште еден доказ, нагласуваат во СЦМ, дека е неопходно ослободување од разни затворени кругови и отварање кон потребите на се побројната стрип сцена кај нас .
Интернационалниот стрип салон во Велес има клучно влијание за стимулирање на македонската стрип сцена. Овој салон им  овозможува  контакти меѓу стрип авторите, поврзување со фестивали и менаџери од други земји, а служи и како поттик за авторите каде ги нацртале своите први стрипови. Репутацијата на истиот ги натера организаторите да овозможуваат негова промоција и во други градови, пред се Скопје. Наскоро ќе се се организираат два стрип настана во главниот град, а повеке детали тимот на СЦМ ке промовира во најскоро време.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *