Култура

Убиецот на Џон Ленон откри нови детали за смртта на славниот музичар

Марк Дејвид Чапман, убиецот на фронтменот на славната група „Битлси“ неодамна открил вознемирувачки детали во врска со смртта на Ленон. Чапман рекол дека на денот на убиството чувал еден куршум во пиштолот со намера по злосторството да се убие и себе, но дека бил премногу голема кукавица да го направи тоа.

Тој. исто така. тврди дека единствен мотив за убиството била неговата голема желба да стане популарен. Неговите изјави се објавени во  „Њујорк Пост“, откако весникот дошол до писмената форма на сослушувањето на Чапман по повод неговата деветта жалба за условна казна, која е повторно одбиена. Чапман, помеѓу останатото, се присетил на средбата со Ленон пред неговата куќа во Њујорк на 8 декември 1980 година:

– Излезе од куќата, а ова е дел поради кој навистина жалам: Во раката држев молив и негов албум, правејќи се дека сум фан, и го замолив за автограм- рекол тој

 „Не брзаше, ме праша дали сакам уште нешто. Неговата сопруга излезе со него. И чекаше во лимузината. Тоа е нешто на што често се осврнувам – колку беше љубезен кон потполните туѓинци. Го потпиша албумот и влезе во лимузината“, додал Чапман.

Злосторникот се вратил во зградата и во 22:50 часот вечерта пукал во Ленон, четири пати, пред неговата сопруга Јоко Око. Останал на местото на злосторството и ја дочекал полицијата, цврсто стегајќи ја во раце книгата „Ловец во житото“.

– Tоа ви е вистински социопатски ум. Пред крај почнав да зборувам сам со себе. Се молев и молев некако да ја превртам целата ситуација, но не можев да го направам тоа. Освен тоа, немаше никакви чувства во врска со неговиот син или сопруга. Бев опседнт со тоа да го застрелам за да можам да станам некој – признал Чапман. Нова жалба на 61- годишниот затвореник ќе може да ја поднесе после две години.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *