Култура

Скапоцен камен во Индискиот океан -Занзибар: острово на зачини и на морски чуда

Жителите на овој остров се хранат исклучиво само со овошје и со риба што ќе ја уловат, живеат без домашна техника, а асфалт може да се види само во еден град. Но, затоа имаат рајски плажи и необичен морски свет. На крајбрежјето на Танзанија е сместен Занзибар, идеален за туристи-истражувачи, кои не ги сакаат комерцијалните тури.

6

Занзибар е познат по зачини, бидејќи Европејците, на патот кон Индија, овде застанувале да се одморат. Прошетката по единствениот град, наречен  Камен град, (Stoun Taun), можат да се почувствуваат мирисите од зачините, цимет, ванила, какао…Ова острово е најголем пшроизводител на каранфилче во светот. Во зависност од сезоната, овде може да се види берба на кафе, собирање на бибер, собирање на цветови шафран, чили и на други повеќе од 50 зачини. Билка од животно значење за жителите на Занзибар е кокосовата палма. Кокосовиот орев може да се јаде млад и стар, а листовитеод палма се користат за покриви, заштита за прозори, за изработка на торби, прекривачи…

33

Надвор од овој  овој единствен град,  веднаш исчезнуваат зградите, куќите и било каков облик на цивилизација. Луѓето живеат на ист начин како и пред стотици години, помеѓу дрвја, во клуќи направени од камен и кал, со покрив од палма. Секое село функционира како племе на чело со поглавица, и треба да се знае дека се недоверливи кон туриститте.

32

88

Во централниот дел на островот, на околу 5.000 хектари се наоѓа Џозан шума, прогласена за национален парк. Тука може да се видат дрвја кои некогаш се простирале на поголемиот дел на островото. Повеќе од 40 видови на прици се регистрирани во таа шума, тука живеат и неколку видови на мајмуниод кои е посебна врстата, ред колобус. Овој вид на мајмуни мириса многу силно и необично, па никогаш не ги чуваат како домашни миленичиња.

15

Кога ќе се искочи од селата и шумите, се наидува на величествен призор – со километри долги плажи од најубав бел песок кои сеуште не се истражени. На крајбрежјата има десетици хотели кои примаат туристи и многу кои се рекламираат а се уште не примаат гости. На Занзибар нењ постои ноќен живот. Забавата е свртена кон дневните уживања: тоа е обиколка на југот на острово, во заливот Кизамказа, природно живеалиште на делфините, потоа обиколка на помали острови, посета на селата или гледање на традиционалниот занзибарски танц. Ова острово е најпознато по можностите за ронење, бидејќи морето нуди средба со разнол животински свет како што се баракуди, туни, хоботници, јастози, желки и стотици различни риби.

1

Островот заедно со Тангањика во времето на колонијализмот био соединет во државата Танзанија. Занзибар се протега на околу 1659 км2. Брои население од околу 1.000.000 жители. За сите оние кои би сакале да го посетат во иднина овој “скапоцен камен” на Африканскиот континент ќе напоменеме дека тука и лето и зиме температурата се движи во просек од околу 25`Ц степени. Вистински рај кој секој би сакал да го почувствува! Погледнете!

41

12

13 11  8

41

33

????????????????????????????????????

7

6

zanzibar

 

 

 

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *