
Земјотресот го оштети киното „Милениум“
— 12 септември, 2016Киното Милениум е оштетено од вчерашниот земјотрес во Скопје и беше откажана премиерата на филмот „Ослободувањето на Скопје“ на Раде и Данило Шербеџија. Од земјотресот е оштетен плафонот на киното, паднати се лесонитни делови, па поради безбедносни причини одложена е премиерата на филмот. Оштетувањата се такви што и најмала провокација, како што е посилниот звук, може да придонесе откачените делови од плафонот да паднат, велат од киното „Милениум“. По санацијата на кино салата ќе биде закажан нов датум за премиера на филмот „Ослободување на Скопје“.
Филмот „Ослободувањето на Скопје“ го отвори Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола што започна на 10 септември, а следниот ден беше закажана премиера во Скопје.
Инаку во текот на вчерашниот ден во Скопје се осетија неколку земјотреси а најсилен беше во 15.10 часот, потрес со јачина од 5.3 степени по Рихтеровата скала. Утрото скопјаните ги разбуди земјотрес од 4.4 степени по Рихтеровата скала.
Автор:
Слични статии
-
-
„Медена земја“ меѓу 11-те филмови на годината во Австралија
26 декември, 2020 -
-
Последни статии
-
Националната комисија за УНЕСКО одржа конститутивна седница
— 15 јануари, 2021Националната комисија на УНЕСКО на Р. Македонија, денеска одржа конститутивна седница на платформата Зум, соопшти Министерството за култура. По службена должност претседател на Комисијата е министерката за култура Ирена Стефоска. Националната комисија за УНЕСКО е составена од 22 членови меѓу кои се министри од Владата на РСМ, директори на државни институции и авторитети за областите…
-
Македонски артефакти и икони на нелегалните пазари во Азија
— 15 јануари, 2021Над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија. Ако досега завршуваа на црните пазари во Западна Европа, последниве години крајната дестинација им е Азија. Дваесетина украдени икони веќе неколку години фаќаат прашина во витрините во два музеи во Албанија, чекајќи тамошните власти да донесат одлука за нивната судбина. Станува збор за непроценливо историско…
-
Пренасочен реалитет (или исфрлен од колосек)
— 13 јануари, 2021(Кон претставата „Лоунли плланет“ во продукција на Атеље 212 од Белград. Автори и главни улоги: Маја Пелевиќ, Димитрије Коканов, Олга Димитриевиќ, Тања Шљивар и Игор Коруга.) Најзастрашувачката синтагма во опасната и депримирачка година 2020 е „новото нормално“ која остана како еден вид на симплифицирана варијанта на „Големиот Брат“ на Орвел. Во годината која секако дека…
-
Почина академик Георги Старделов
— 11 јануари, 2021На 90 години почина академик Георги Старделов, филозоф, естетичар, есеист, книжевен критичар, антологичар, теоретичар и историчар на културата, поранешен претседател на МАНУ и еден од најактивните и еминентни академици во земјава. Веста ја соопшти Филозофскиот факултет каде бил професор (1966-1995) и негов декан (1975-1977). Старделов е роден на 28 август во Гевгелија, дипломирал на Филозофскиот…
-
Не знаевме дека шахот е толку добар на екран
— 9 јануари, 2021Гари Каспаров, еден од најголемите шахисти во историјата, главно не е воодушевен од приказите на шахот на екран. „Секогаш гледаш дека го користат луѓе кои не се професионалци“, рече Каспаров во јавувањето од Хрватска. „И мошне често, позициите на таблата немаат никаква смисла.“ Шахот е спорт во кој двајца луѓе – главно мажи – седат…
-
„Филмски великани“ – нова книга на Сунчица Уневска
— 28 декември, 2020На крајот на оваа година од печат излезе уште една нова книга со наслов „Филмски великани“. Станува збор за третата по ред книга на новинарката и филмска критичарка, Сунчица Уневска, во која таа направила избор и донесува интервјуа со 56 култни филмски автори и актери од целиот свет. Ова е книга посветена на филмот, но и ретка и…
-
Берлиналето е поместено за март, а наградите ќе се доделат пред публика во јуни
— 27 декември, 2020Берлинскиот филмски фестивал објави дека ги откажува настаните со физичко присуство, кои беа најавени од 11 до 21 февруари. Наместо стандардната форма, официјалната селекција на Берлиналето ќе биде претставена од 1 до 5 март онлајн пред филмската индустрија. Европскиот филмски маркет исто така ќе се одржи во виртуелна форма, додека настаните со публика се планирани…
-
УНИЦЕФ ја избра „Фотографијата на годината“
— 27 декември, 2020На фотографијата се гледа како децата бегаат од запалениот бегалски камп Морија на островот Лезбос. На почетокот на септември избувна катастрофален пожар во најголемиот бегалски камп на Егејот. Кампот Морија беше речиси целосно уништен. Илјадници жители беа префрлени во друг камп на Лезбос. Авторот на оваа фотографија е на гркот Ангелос Цорцинис. Таа ја доловува храброста,…
Напишете коментар