Култура

Археолошки истражувања на Кале – Стрезов Град во Демир Капија

Во тек се археолошките истражувања на Кале – Стрезов Град, село Челевец – Демир Капија, каде што се наоѓа претпоставената средновековна тврдина Просек. Истражувањата на овој простор започнаа во 2015 година при што се откриени архитектонски структури од средновековен сакрален објект – црква и една од кулите во состав на монументалната фортификација, кои заедно со археолошките наоди се материјална потврда на историските извори кои ги пренесуваат случувањата на ова место во средновековниот период. 

strazov-grad

Овие истражувања се во рамките на Програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура, а носител на активностите е Институтот за старословенска култура  од Прилеп во соработка со Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија.

Инаку годинашните истражувања се насочени кон дефинирање на целосната стратиграфска слика на сакралниот објект, при што е откриена постарата средновековна фаза и ранохристијанска базилика како сведоштво за духовната и религиозната димензија со која зрачи овој тешко пристапен простор. Исто така, откриени се и неколку средновековни гробови вкопани во северниот и во јужниот кораб на базиликата.

Истовремено, за оваа година Министерството одвои средства и за изработка на проект за конзеваторско-реставраторски работи на одбранбената кула која беше откриена во минатата година. Овие координирани археолошки и конзерваторски активности се со цел оваа микролокација да се ревитализира како значајна туристичка дестинација на коридорот 10, кој претставува најфреквентна делница во Република Македонија.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *