Култура

Богата музичка програма на фестивалот на европски филм „Синедејс“

Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“ (Cinedays) кој годинава ќе се одржи од д 10-ти до 19 ноември содржи и музички дел каде се предвидени музички документарни филмови, концерти, работилници и гости.

Директорот на Младинскиот културен центар (МКЦ), Златко Стевковски, кој го организира фестивалот, најави богата  музичка програма (Cinemusic) во десетте фестивалски дена, која ќе почне на првиот ден (10 ноември) – со биографскиот филм „Miles Ahead“ за џез-музичарот Мајлс Дејвис во режија на Дон Чидл. Вечерта ќе продолжи во МКЦ со музика на Мајлс Дејвис на која диџеј ќе биде Оливер Белопета, директор на Скопскиот џез-фестивал.

Меѓу настаните во наредните денови од музичкиот дел на фестивалот се и проекциите на документарците  „The Beatles: Eight Days A Week“ на режисерот Рон Хауард и „Gimme Danger“  на Џим Џармуш, „Congo Beat The Drum“ (африканска вечер), премиера на „Лимуново дрво“ – документарец на Бранко Радаковиќ за првиот бенд на Милан Младеновиќ од „ЕКВ“, „Industrial Soundtrack For The Urban decay“, филмот за Дејвид Брн кој ќе го отвори Tribeca Film Festival…

По филмските проекции ќе има и музички вечери во МКЦ, кино „Фросина“. Филмската програма на „Синедејс“ ќе биде соопштена идната среда.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *