Култура

„Don’t Stop Me Now“ од Квин е избрана за највесела песна на светот

Бројни студии ја имаат докажано врската помеѓу расположението и музиката. Истражувачите од Универзитетот во Мисури утврдилe дека дво-неделно слушање на  музика со брз ритам, независно од жанрот, го поправа расположението и луѓето се чувствуваат повеќе среќни, пишува Аlternativa informacije. Научниците се фрлија на работа да ја откријат најсреќната песна на светот.

Научникот Џејкоб Џолиј ја создал формулата за анализирање на 126 песни во 50-годишниот период. Меѓу предложените песни, испитаниците требале да ја одберат песната која најмногу ги развеселува. Покрај одговорите на испитаниците, Џолиј ги зел во предвид и темпото на песните, тоналитетот, темата и текстот.  Открил дека песните прогласени од испитаниците за среќни, се правени главно во повисоки тонови и во просек побрзи од просекот, односно од 140 до 150 БПМ.

За најсреќна песна е прогласена ‘Don’t Stop Me Now’, од групата Квин. (Queen)

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *