Култура

МОБ со гала-концерт ќе ja промовира реновираната сала

Македонската опера и балет (MOB) најави спектакуларна програма по повод отворањето на новото гледалиште, што ќе се одржи вечерва и утре со почеток во 20 часот.  Концертите ќе го промовираат гледалиште и фоајето.  Ова реновирање доажа после 33 години од отворањето на сцената на МОБ во 1983 година. Новото гледалиште во МОБ има намален број седишта за покомотно следење на настаните, и пред секое седиште ќе има лед-екрани на кои ќе може да се следи титлот од претставите, а ќе имаат и други наменски функции – информираше Македонската опера и балет.

Под мотото „Чувството во живо…во ново руво“, ќе бидат изведени повеќе светски музички и филмски хитови. Ќе настапат оперски и балетски солисти, хорот, оркестарот, балетскиот ансамбл и детскиот хор „Фалсето“ при МОБ и ќе бидат изведени дела од „Кармина Бурана“, музика од филмовите „Петтиот елемент“, „Аватар“, „До балчак“, познати композиции од репертоарот на Адел и др. Диригент е Иван Еминовиќ, режисер Трајко Јордановски, сценограф Зоран Тошевски, костимограф Марија Пупучевска, кореограф Саша Евтимова, репетитор Лора Тарчуговска, концерт- мајстор, Верица Ламбевска, а хор-мајстор Ѓурѓица Дашиќ.

 

 

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *