Култура

Мобилна апликација за пријавување кражба

Хрватските програмери изработија бесплатна апликација за паметни телефони, која овозможува регистрација на велосипеди и испраќање на внесените податоци до базата на податоци на Министерството за внатрешни работи.

Како што пишуваат хрватските медиуми, апликацијата може да се симне од интернет-страницата на градот Вараждин или од страницата на вараждинската полиција, на чие подрачје се спроведува проектот, кој всушност е официјален регистар на велосипеди. Според медиумите, апликацијата функционира на тој начин што се внесуваат податоци и фотографија од велосипедот и се добива повратен код, кој треба да го зачувате.

Потоа со помош на кодот се пристапува во базата на податоци и се уредуваат податоците, односно се пријавува кражбата. Кога се пријавува кражбата, на екранот на Оперативно-комуникацискиот центар на полициската управа може да се види икона за аларм за тукушто украдените велосипеди, која останува таму околу три часа. Во моментот кога се пријавува кражбата, информациите се испраќаат до сите подрачни станици, а на тој начин значително се забрзува потрагата по украдените велосипеди.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *