Култура

Молкот на Боб Дилан за Нобеловата е “непристоен и арогантен”

Молкот на Боб Дилан, во врска со добивањето на Нобеловата награда за литература е “неучтив и арогантен”, тврди  член на Академијата која го награди. Овој 75-годишен пејач, по објавата дека станал Нобеловец, предизвика шок и неверување во јавноста.  Но, сите напори од страна на Шведската академија да го контактираат Боб Дилам, беа неупешни, а тој не ја коментираше наградата во јавноста.

Членот на Академијата Пер Вастберг изјави за шведската телевизија: “Тој е- кој што  е”, додавајќи дека малку биле изненадени што Дилан ги игнорирал вестите.

“Бевме свесни дека тој може да биде тежок и дека не му се допаѓаат настапи кога тој стои сам на сцената”, изјави тој за шведскиот весник Dagens Nyheter во интервју.

Објавувањето на наградата беше отстрането од веб-сајтот на Дилан, минатата недела. Се ‘уште не е познато дали тој ќе отпатува во Стокхолм за да ја добие наградата на 10 декември. Ако тој не го направи тоа, церемонијата по повод неговата кариера ќе оди како што е планирано, рече г-дин Вастберг.

Г-дин Вастберг го нарече овој потех “без преседан”, но еден великан претходно ја отфрли Нобеловата награда за литература – францускиот писател и филозоф, Жан Пол Сартр во 1964 година. Уште еден добитник откако дозна за Нобеловата не беше претерано воодушевен. Слушајќи од новинарите дека  таа ја доби наградата во 2007 година, откако се врати од шопинг, писателката Дорис Лесинг одговори: “О, Боже.” Сепак, таа присуствуваше на церемонијата подоцна таа година.

 

Автор:

Слични статии